Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ:Груевски и Тодоров го уништија здравството

1
By Нова ТВ on May 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 29, 2016 14:07

Никола Тодоров и Никола Груевски се најголемите штетници во историјата на здравствениот систем на Македонија.Најголемите уништувачи на здравството и здравствениот систем без нималку срам се појававуваат во јавност потценувајќи ги сите граѓани на Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.

„Со кое лице Тодоров и Груевски се појавуваат во јавноста и зборуваат за т.н. проекти?Нивните најголеми проекти се нивните лични богатења.Здравството во Македонија е на колена. Пациентите се незадоволни, лекарите понижени.

Граѓаните не добиваат квалитетни здравствени услуги, лекарите немаат основни услови за работа, умираат родилки и бебиња, медицинскиот персонал е под постојани притисоци и закани.

Нема пари за основни потреби. Пациентите сами си набавуваат лекови, медицинска опрема и помагала.

Клиничките болници и Здравствените домови се во огромни, милионски долгови коишто секојдневно се зголемуваат“, велат од СДСМ.

Опозицијата смета дека лекари заминуваат во странство и тоа по 200 годишно, но заради подобар живот, а не заради подобра едукација.

Партијата ги посочува Никола Груевски и Никола Тодоров како главните виновници за хаосот во здравството и нефункционирањето на системот на здравствена заштита.

„Тодоров и Груевски ги чека одговорност за криминалните политики што однесоа во смрт многу граѓани. Но, нема спас ни за аболицираниот Груевски, ни за неговото друштво“, се вели во соопштението.

Од опозицијата посочуваат дека казната ќе им биде испорачана на следните фер, демократски и кредибилни избори, кога народот ќе избере нова, одговорна влада, предводена од СДСМ  којашто ќе обезбеди квалитетно и достапно здравство за сите, бесплатно болничко лекување и ќе се грижи за здравјето и животот на граѓаните

Груевски здравство Тодоров уништувачи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.