Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крпач му укажал на СЈО дека трпел закани

1
By Нова ТВ on June 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 3, 2016 12:42

Коста Крпач, лицето кое е на листата на аболицирани до претседателот Иванов, а кој пред три недели полицијата го пронајде починат во неговиот стан барал да биде заштитен сведок на СЈО.

Како што соопшти обвинителката и портпаролка на СЈО – Ленче Ристовска тој со изјава им укажал дека примал закани, но за тоа какви и од кого не прецизираше, со цел да не се попречи истрагата и за неговата смрт која ја води Основното обвинителство.

-Лицето Коста Крпач доброволно се јави за да биде сведок во една предистражна постапка, која се уште не е објавена . Малку сме ограничени со информациите кои по однос на овој случај може да ги дадеме, бидејќи не се работи за само наша предистражна постапка, туку се работи за предистражна постапка и на Основното јавно обвинителство и не би сакале да ја нарушиме тајноста.

Ние имаме изјава од лицето Коста Крпач со која ни укажува дека постоеле такви закани, за тоа е известено Јавното обвинителство, доказите кои ги поседуваме се тука кај нас, меѓутоа доставени се и до нив сите релевантни информации кои можат да им послужат.  Кога ќе заврши предистражната постапка јавноста ќе биде известена за сите околности за овој случај, посочи на денешната прес-конференција Ристовска.

Таа посочи дека неговото пристапува до СЈО не е пријавено и не е побарано негова заштита во МВР, бидејќи со тоа би се открил сведокот.Претходно од СЈО исто така укажаа дека соработката со него се одвивала беспрекорно.

Вчера од Основното обвинителство посочија дека од досегашниот тек на предистражната постапка во предметот за починатото лице Коста Крпач е утврдено дека станува збор за самоубиство.

Постапката по предметот во Обвинителството и натаму тече за утврдување на причините и околностите под кои настапила смртта на Крпач.

Како што претходно соопшти МВР, Коста Крпач  бил пронајден починат во неговата спална соба, на станот кој се наоѓа во скопски Капиштец на улицата „Народен Фронт“, со прострелна рана во градниот кош.

Пред да настане смртта, тој испукал три куршуми во возило паркирано пред неговата зграда, кое било во сопственост на фирма за пиротехника „Огнометика“. Комбето било празно, а според МВР од се уште неразјаснети причини Крпач рафално ги испукал куршумите кон возилото.

Крпач почина на 40 годишна возраст, а блиските познаници го опишуваа како исклучително повлечена личност.

Тој се најде на листата на помилани заедо со  Владислав Стајковиќ и Христијан Панев – лица кои се поврзуваат собомбата број 15, односно со набавката и митото за израелската опрема за прислушување, но за овој предмет овој предмет СЈО се уште нема отворено истрага, па оттаму останува нејасно како Коста Крпач се најде на списокот на аболицирани лица.

 

аболиција Иванов Коста Крпач СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.