НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Шарена револуција: Нема да запреме со падот на власта

2
By Нова ТВ on June 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шарената револуција нема да запре дури и ако се избори за заминувањето на власта, велат демонстрантите кои продолжуваат со разни форми на притисок.

Според нив во Македонија треба да се направат уште многу промени, а притисокот ќе продолжи во различни форми.

Учесниците во Шарената Револуција поделени во групи денеска блокираа четири раскрсници во Скопје. Еден час напладне блокирани беа раскрсниците кај Соборниот храм, Судска палата, Црвениот крст и Министерството за економија.

Демонстрантот Александар Богдановски изјави дека Шарената дека целта на блокадите е да им долови на сите граѓани кои немале шанса да ги слушнат „бомбите“ што значи притисокот на државата кон граѓаните.

-Шарената Револуција продолжува да делува, ова е симболичен начин на претставување на револтот на блокираните институции во државата. Ова што се случува на улиците, истото се случува во државните институции, сите се блокирани. Ова е симболичен начин да покажеме што значи блокирана држава. Начинот на изразување на револтот ќе продолжи, се до остварување на ултиматумот, односно исполнување на целите. Сакам да се извинам до сите граѓани кои се наоѓаат затечени во сообраќајот, меѓутоа ова е начинот и симболиката на која делува Шарената револуција. Револуцијата нема да застане со денот на заминувањето на Груевски со власта ниту со трите барања. Во оваа државата треба да се направат многу промени, вели Богдановски.

Освен Скопјани, на блокадата близу Соборниот храм се појави и пезиониран хирург од Велес, др. Никола Нацев кој побара одлуките на Иванов за колективна аболиција, а подоцна и понишувањето да се пријават за во Гинисовата книга на рекорди.

-Овие криминалци не може да опстојат. Ќе паднат, ќе бидеме сведоци на големи апсења на мали човечиња. Јас како доктор му се чудам на претседателот на државата, кој половина од населението не го признава. Му се чудам , претседател на држава во еден месец да носи такви шаренолики одлуки. Ние сме сигурно за Гинис по овие аболиции, рече Нацев.

На блокадата кај Соборна дојде и до вербална расправија со возач на мотор, кој првенствено пристапи како поддржувач на демонстантите, а подоцна почна со навреди да дофрла, по што демонстрантите бурно реагираа.

Со масовниот протест завчера по повод годнишнина од смртта на Мартин Нешковски, демонстрантите поставија ултиматум до власта за исполнување на нивните приоритетни барања до 18 јуни.

Тие бараат  Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, бидејќи е под ризик да се прогласи за неуставно, да  запре прогонот врз демонстрантите и да се ослободат сите приведени и да се повлечат кривичните пријави од МВР.

Де од барања се и, оставка од Владата на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ и формирање на преодна влада, формирање на специјално одделение во Кривичниот суд за случаите под јурисдикција на СЈО, задолжително присуство на граѓаните при решавањето на кризата, како и оставка од Претседателот Иванов.

 

 

 

#Шарена револуција протестирам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.