НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФРОДЕМ: Груевски ја избегнува правдата, вечерва сите пред СЈО

0
By Нова ТВ on June 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според ФРОДЕМ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се плаши од парламентарни избори и ја избегнува правдата.

– ФРОДЕМ оценува дека врхушката на ДПМНЕ односно осамениот Груевски се плаши од парламентарни избори кои треба да се одржат наесен. Затоа Груевски настојува преку завлекување на тешката државна криза, парламентарните избори да ги префрли за идната година, да ги спои со локалните и на тој начин да го препокрие слабиот резултат. Истовремено, Груевски со развлекувањето на кризата има за цел да ја избегне правдата и да создаде уште поголема криза во која тој најдобро би се снашол и би го конфронтирал поделениот народ по партиско-граѓанска, но и по етничка основа, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

Оттаму сметаат дека Груевски се служел со сталинистички методи, од “прегазеното време на Милошевиќ, Груевски очајно се обидува да активира приврзаници за одбрана на криминалот и конфронтаирање со целиот демократски свет“.

– Вчера, во полупразната сала и задоцнета прослава, од Груевски разбравме дека имал притисок од „народот“!?  Божем народот „вриел“ и од него барал акција! Потсетуваме дека оваа и сличните најави целосно се поклопуваат со “спонтаните случувања“ на народот во организација на пропаднатиот режим на Милошевиќ. Веќе видени, пропаднати и прочитани сценарија! Повикувањето на народот е само уште еден кукавички обид не еден политички очајник кој настојува да се затскрие зад народот, се вели понатаму во соопштението.

ФРОДЕМ ги повикува сите граѓани, правдољубиви демократи и патриоти без оглед на политичката, верската или етничката припадност, сите заедно сплотени вечерва во 19 часот, пред зградата на Специјалното јавно обвинителство да го поддржат враќањето на правдата и достоинството во Македонија.

– Времето за манипулации истече. Или ќе се почитува Уставот на РМ, ќе се врати поредокот и законите ќе почнат да важат за сите подеднакво и правдата ќе биде неселективна или се во оваа земја треба да почне да се гради одново, порачува ФРОДЕМ.

Груевски избори ФРОДЕМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.