НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски нема да има ингеренции за Скопје 2014

0
By Менче Атанасова Точи on April 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Кои се ингеренциите на идниот градоначалник во Општина Центар во однос на Проектот 2014? Дали тој може промени нешто, да направи ревизија или да влијае на одлуките на извршната власт ?

Поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски смета дека Андреј Жерновски како иден градоначалник на општина Центар, нема да може да направи ништо без Советот на Општината.

-Не гледам дека работите ќе се сменат бидејќи градоначалникот, сам не може да направи, ништо без советот. Доколку советот сепак, одлучи да се направи ревизија на спомениците во Општината, мислам дека владата ќе изнајде формула како работите наместо низ општина Центар, да поминат преку Собранието на градот Скопје изјави за НОВА Трифун Костовски.
Тој смета дека централната власт комплетно ја контролира локалната, ставајќи ја на колена и да зависи од неа.

Проектот 2014 е во завршна фаза. Правен е во време на светската економска криза и се претпоставува дека за негова реализација се потрошени над една милијарда евра, иако точната сума никој не кажува.

-Проектот е се подготвувал тајно, без знаење на граѓаните и на локалната власт, изјави Костовски кој од градоначалничкото место замина во април 2009-та, по што почна експанзија на новите споменици.

Поранешниот министер за култура Благоја Стефановски исто така се сомнева дека идниот градоначаник на Центар ќе може направи ревизија на проектот, а уште помалку да го стопира проектот.

-Во уметноста е изгубено чувството за мерка, а оваа општина е најоштетена. Доколку Жерновски како иден градоначалник успее да превземе некакви мерки, треба да го има во обзир и мислењето на граѓаните. Кога станува збор за некаква пренамена на објектите пак, тоа треба да се направи внимателно, со стручни и докажани луѓе вели Стефановски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.