Јеромонахот Николај Стаматовиќ е пуштен на слобода, а неговиот лаптоп, во кој наводно се наоѓа порнографскиот филм, конфискуван е од полицијата.
Станува збор за намесник во манастирот во Етно-селото „Станишиќ“ кај Бјелина кој беше уапсен завчера во Белград, откако се обидел за 100.000 евра да му го продаде филмот, долг час и половина, на Бојан Јовановиќ.
Според зборовите на неговиот адвокатот Душко Томиќ, владиката Василије Ковачевиќ сексуално општел со четворица млади луѓе, пренесува Дневни аваз.
Бојан Јовановиќ бил ѓакон на Српската православна црква и служел во Бјелина кај тузланско-зворничкиот епископ Василиј но, огорчен поради блудот и педофилијата ја напуштил СПЦ и сега живее во Белград.
Јовановиќ е првиот службеник во Црквата кој јавно проговори за педофилијата и другите страотни работи во СПЦ, пренесува Дневни аваз.