Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОБСЕ/ОДИХР за изборите на 5 јуни: Амосфера на страв и заплашувања

1
By Нова ТВ on July 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 8, 2016 20:20

Продлабочување на политичката криза, атмосфера на заплашување на избирачите во комбинација со страв од одмазда од страна на државните претпријатија и институции, неопходни суштински реформи во медиумите, контра-протести, влошување на политичката клима со одлуката на претседателот за аболиција на 56 лица кои се под истрага или осомничени за вмешаност во скандалот со прислушкувањето…

Ова е само дел од критиките кои денес ги објави набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за изборите што требаше да се одржат на 5 јуни. И покрај нивното откажување, подготовката на изборите и целокупната ситуација во Македонија беа предмет на извештај на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР објавен денес.

ОБСЕ/ОДИХР бележи дека “набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР добија веродостојни наводи за притисок врз вработени во јавниот сектор да присуствуваат на контра-протести, вклучувајќи и закани за отпуштање од работа”.

Според извештајот Државната изборна комисија (ДИК) работела во атмосфера на политички тензии поради целокупната состојба и добивала критики од опозицијата и НВО кои барале изборите да бидат одложени. Сепак, извештајот има и критики за работата на ова тело. ДИК одржувал затворени состаноци иако законот предвидува тие состаноци да бидат јавни а не била ни редовно ажурирана интернет страната на ДИК. Освен тоа, процесот на регистрација на гласачите бил хаотичен.

Извештајот содржи цела серија препораки. Така ОБСЕ/ОДИХР како еден од приоритетите препорачува Државната изборна комисија и МВР да продолжат да го прочистуваат избирачкиот список пред да се одржат наредните избори.

Потребна е исто така целосна транспарентност на целиот изборен процес со пристап на сите политички партии и граѓанското општество во проверката на изборниот список. Само така, според ОБСЕ/ОДИХР ќе се зголеми довербата на граѓаните во избирачкиот список.

Во однос на заплашувањето на гласачите ОБСЕ/ОДИХР бара власта да ги охрабри граѓаните да пријавуваат случаи на притисок и заплашување а потоа сето тоа треба да го истражат задолжените институции.

Медиумите се исто така предмет на анализа на овој извештај. ОБСЕ/ОДИХР смета дека е потребно да продолжат реформите во медиумите. Нивната слобода не не се подобрува. Медиумите трпат политички притисок а ОБСЕ/ОДИХР добила информации дека владата правела свој избор на кој медиум ќе му даде владини реклами а нив ги добивале медиумите кои «позитивно известувале» за активностите на власта.

Во однос на МРТВ извештајот препорачува да се донесе законска одредба со која оваа медиумска куќа ќе може балансирано и незвисно да ја покрива изборната кампања а сите политички партии да го добијат точното време за пренесување на нивните пораки до граѓаните преку овој јавен сервис.

 

избори ОБСЕ/ОДИХР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

ВЕСТИ April 29, 2026

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти…

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.