Тереза Меј ќе биде новата премиерка на Велика Британија од задутре.
Денес дојде до изненадување откако другата кандидатка за премиерското место Андреа Лидсом одлучи де се повлече од трката.
Меј веќе вети дека ќе направи најдобар можен договор за излегување на Велика Британија од ЕУ.
“Ќе имаме нов премиер во ова куќа зад мене во среда”, изјави денес премиерот Дејвид Камерон пред Даунинг стри 10. Тој се залагаше за останување на земјата во ЕУ но поднесе оставка поради резултатот референдумот на кој победина приврзаниците на излезот од ЕУ.
Камерон ќе и ја поднесе оставката на кралицата Елизабета Втора во среда по сесијата на прашања во Парламентот и ќе ја препорача Тереза Меј за негова наследничка.
Во својата прва јавна изјава по веста дека таа ќе биде премиерка, г-ѓа Меј рече дека ќе го направи најдобриот можен договор за излез на земјата од ЕУ и дека ќе изгради нова улога за земјата во светот.
Тереза Меј ќе биде втората жена премиер по Маргарет Тачер која ја водеше земјата од 1979 до 1990 година.