Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДОМ: Скандалозно е менувањето на правилникот за води

0
By Нова ТВ on July 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 14, 2016 15:27

Партијата ДОМ го смета за скандалозно менувањето на Правилникот за мерење на квалитетот на водите од страна на Министерството за здравство како„  „решение“ на детектираниот проблем со водите во Дојранското Езеро.

“ Ова се прави среде туристичка сезона, преку зголемување на бројот на дозволени фекални бактерии! Па со самото тоа Министерството го потврдува присуството на фекалии во езерото, со таа разлика што тврди дека тие, во толкав број, не биле штетни за здравјето. Почитувајќи го извештајот за квалитетот на водите од Институтот за јавно здравје, ДОМ бара од локалната власт во Дојран да ја почитува забраната за капење на неколку плажи и да не му падне на памет уште некому да крштева бебиња во валкана вода! Туризмот во Дојран е важен, но не повеќе од здравјето на жителите и туристите “, реагира ДОМ.

Од партијата сметаат дека за брзо расчистување на дилемите во јавноста, препорачливо би било формирање на стручна комисија во мешан состав (претставници од Министерството за здравство, академската сфера, локалната власт и граѓанскиот сектор). Таа комисија може за кусо време да направи увид во состојбите на терен и да предложи ургентни мерки.

“Наместо чудење и негирање на резултатите од анализите, локалната власт треба итно да преземе конкретни и сериозни мерки за подобрување на квалитетот на водата во Дојранското Езеро, да се санираат грешките направени при монтажата и одржувањето на колекторскиот систем, откако ќе се провери функционирањето на пумпите, проточноста на цевките и ефикасноста на пречистителната станица. Очигледно е дека оттаму произлегува главниот проблем, а се работи за едноставен механички систем. Треба да се решат дивите канализациони цевки кои се испуштаат директно во езерото и се извор на загадување, како и да се исчисти крајбрежниот појас од наталожена мил, изгниени трски и друг биолошки материјал, кој го гуши еко-системот.  Потребно е да се постават аератори во езерото, кои ќе внесуваат кислород и ќе ги помогнат позитивните хемиски реакции, стопирајќи ги негативните кои се одвиваат во анаеробни услови. Ова директно ќе влијае за намалување на популацијата на сино-зелените алги, кои се намножени поради еколошката катастрофа и обилието на азот и фосфор, па ги гушат „добрите“ алги и останатиот жив свет“, препорачуваат од ДОМ.

Сите овие мерки треба да се спроведат паралелно, за да се покаже ефектот што побрзо и да се намали штетата, пред се по здравјето на капачите, но и по целиот еко-систем на Дојранското Езеро.

Дојранско езеро ДОМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.