НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ница: Напад според советите на терористите од Исламска држава

0
By Нова ТВ on July 15, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Авторот на синоќешниот напад во Ница не им бил познат на француските служби за разузнавање, не бил регистриран како радикализиран и се уште ниту една терористичка организација не соопштила дека стои зад овој напад, изјави попладнево францускиот обвинител Франсоа Моленс.

Обвинителот потврди дека во нападот загинале 84 лица, 202 лица се ранети помеѓу кои 52 лица се во тешка состојба и лекарите се борат за нивниот живот и 25 лица се во реанимација.

Помеѓу загинатите има 10 десет деца и тинејџери. Помеѓу жртвите има Французи но и Американци, Руси, Швајцарци, Белгијци и повеќе други националности. Медицинските служби работат на утврдување на точниот идентитет на сите жртви.

Моленс изјави дека истрагата почнала во ноќта, веднаш по нападот. Според досегашните утврдени факти, станува збор за човек од 31 година роден во Тунис и со живеалиште во Ница, бил разведен и татко на три деца.

Истрагата сака да утврди дали овој човек имал соработници или било каков контакт со други лица кои можеби му помагале да го изврши нападот.

Моленс го опиша патот на белиот камион кој со голема брзина влегол на Променадата на Англичаните, позната улица во Ница и убил 84 лица. Камионот бил изнајмен во понеделникот во Ница а документите на убиецот биле исправни.

Во камионот е најден мобилен телефон, лична карта на убиецот и документи кои истрагата ги проверува, две лажни пушки, еден лажен пиштол и еден пиштол со мал калибар 7.65 мм како и куршуми за пиштолот.

Човекот бил шофер и и бил познат на полицијата но не како терорист. Во март оваа година бил осуден на 6 месеци условно поради насилство со оружје направено во јануари годинава.

И покрај тоа што досега не е утврдена врска со терористичка организација, француското обвинителство отвори истрага за тероризам.

Обвинителот Моленс изјави дека методот на нападот одговара на повиците и советите за убиство што ги испраќа терористичката организација Исламска држава во своите пропагандистички материјали.

Екс сопругата на терористот е приведена утринава во Ница. Истрагата сака да утврди кои се мотивите на овој човек и дали имал соработници за нападот.

камион напад Ница Франсоа Моленс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.