Претседателот на Турција, Таип Ердоган, човекот од кого цела турска и светска јавност очекува одговори, тукушто даде телефонско интервју за „Еуроњус“ во кое што изјави дека ова е обид за удар од мала милитантна група во рамки на армијата и дека тие за тоа ќе платат висока цена. И тој, како и премиерот претходно, смирува дека ударот нема да успее.
Очигледно Ердоган е на сигурна локација од која што не може да дава интервјуа, а во друго кусо интервју за турскиот сервис на CNN новинарката со него разговараше на Скајп преку телефон во студиото. Тој ги повика граѓаните на Турција да излезат на улица и да се справуваат со војската.
Државната турска телевизија во моментов не емитува програма, социјалните мрежи се исклучени, а стратешки позиции како мостови, аеродроми и институции се заземени од турската армија.
Читајте повеќе овде.