Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стојковски: Нема услови за вонредна седница на Универзитетскиот сенат

0
By Нова ТВ on July 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 22, 2016 13:00
По отвореното писмо што осум членови од Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  го испратија  до ректорот во заминување, Велимир Стојковски, потсетувајќи го дека и по две недели се уште не е свикана вонредна седница на Сенатот за разгледување на случувањата со  контроверзните студентски избори, се огласи ректорот.

Возвраќајќи им со писмо, тој тврди дека зад  досписот  не бил потпишан ниту еден сенатор, туку било само испратено од еден сенатор и ги негира обвинувањата на негова адреса.

„Наводите во отвореното писмо кое не е потпишано од ниту еден сенатор, туку е испратено само од еден сенатор, не се точни и не одговараат на реалноста. Како што претходно беа известени иницијаторите, согласно Деловникот за работа на Сенатот, нема услови за одржување на вонредна седница на Универзитетскиот сенат. Уште еднаш потсетувам, дека Ректорската управа на Универзитетот донесе заклучоци за решавање на проблемот, кои беа доставени до сите сенатори.

До денес, овие заклучоци се поддржани од 41 сенатор, имајќи предвид дека еден дел од сенаторите се на годишен одмор. Во насока на решавање на проблемот, а почитувајќи ја редоследноста во одлучувањето на двата универзитетски органи единствен целисходен начин и приод во решавањето на проблемот е Комисијата да го изготви извештајот за настаните околу изборите на претседателот на Студентскиот парламент, а Комисијата формирана за Статутот да изготви предлог-одредби за студентското организирање, и материјалите понатаму да бидат предмет на разгледување и одлучување на Ректорската управа и Сенатот на Универзитетот.“, пишува Стојковски.

Претходно, до него со  отворено писмо се обратија  осум сенатори кои меѓудругото напишаа дека рекотрот го крши статутот на УКИМ и го одзема  правото на сенаторите да го искажат својот став, а на Сенатот да се произнесе во врска со актулените прашања  на Универзитетот.

Велимир Стојковски Сенат студентски избори УКИМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.