НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како до фер избори со хаотичен Избирачки список?

2
By Нова ТВ on July 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бура реакции во јавноста предизвика повторното објавување на листата спорни гласачи кои до 19 август сами ќе треба да се пријават електронски или лично во Државната изборна комисија.

На списокот се најде и професорката и активистка Мирјана Најчевска која реагираше дека објавени се истите имиња за кои ДИК уште на 29 март годинава утврди дека нивното гласачко право е неспорно.

„ДИК е составена од банда идиоти (од прв до последен без разлика на пол, верска, или национална припадност) кои или не знаат да читаат па не им е јасно како да го употребат Правилникот, или немаат врска со мозокот, а камоли со работата“, напиша професорката Најчевска која вели дека 35 години ја нема променето адресата на живеење и со години гласа на исто гласачко место.

Најчевска е дел од 39 502 спорни гласачи која доколку до 19 август не се пријави да го докаже своето постоење во ДИК, ќе биде избришана од Избирачкиот список и нема да има право да гласа.

Според последниот договор меѓу партиите потписнички на Пржино, со Изборниот законик се даде можност Државната изборна комисија да ги брише спорните 39.502 лица гласачи од списокот што нема да се пријават до предвидениот рок.

Граѓаните ќе може да се пријават лично, во подрачните единици на Државната изборна комисија, како и во канцелариите на Управата за водење на матични книги, каде ќе мора да приложат важечка лична карта или пасош.

Втора опција е пријавување на веб страницата на ДИК каде поставена е и апликација за електронско пријавување. Тие ќе треба да го внесат матичниот број и да испратат скенирана копија од лична карта или пасош.

Пријавувањето ќе може да се врши секој ден во периодот од 8.30 до 19 часот. Списокот со спорни гласачи ќе биде објавен и на страниците на дипломатско конзуларните претставништа за македонските државјани во странство.

Ваквиот договор со датум на исполнување до 31. август заедно со реформите во останатите сфери наиде на критика во јавноста, со оглед на тоа што партиите ги третираат проблемите како последица и не прават суштински промени, туку само корекции пред избори. Сепак, претседателот на ДИК кажа дека бројката е резултат на методологијата која ДИК ја утврди после партиските преговори за Пржино 1.

-Сите лица кои согласно нашата методологија останале како спорни не значи дека ќе го изгубат гласачкото право, доколку согласно упатството се пријават, вели претседателот на ДИК Александар Чичаковски.

Александар Чичаковски - претседател на ДИК
Александар Чичаковски – претседател на ДИК

 

                Како 300 000 сомнителни гласачи се сведоа на 39 502?

По формирањето на нов состав во Државната изборна комисија (ДИК) согласно Договорот од Пржино минатата година, и спроведените теренски и административни проверки, ДИК првично објави дека на списокот на гласачи во земјава се појавуваат недоследности кај речиси 310 000 гласачи. По проверки на податоците од единаесет институции, од вкупните сомнителни записи одлучи Државната изборна комисија одлучи 87.000 да се проверат теренски, а останатите административно.

Според последните политички преговори, списокот се намали на 210 000 гласачи од кои 171 500 луѓе ќе бидат ставени на посебен список за дијаспората и нивното право на глас не се спори, а останатите 39 502 гласачи ќе треба сами да го докажат своето право на глас.

Заменик – претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, која беше дел од работната група во партиските преговори вели дека со ова се дава шанса за прочистување на избирачкиот список, но тоа е само пишано на хартија.

Според неа важно е гласачите од странство да бидат ставени на посебна листа и да приложат фотографија за доказ, со што, како што таа вели ќе се спречи злоупотребата некој друг да гласа во нивно име.

-Овој пат на списоците ќе има и фотографиии и тоа ќе даде шанса на самото избирачко место да се провери дали навистина тој што гласа има право да гласа. Ќе видиме што ќе се случи, ова е пишано на хартија. Според анализите 15 илјади луѓе распоредени во шест избирачки единици може да го смени изборниот резултат за 12 пратенички места. Никој не кажа дека 330 илјади не постојат, таму се јавија одредени недоследности, некои укажува на злоупотреба. Овие 40 000, негде 18 илјади немаат никакви документи во МВР за тоа како дошле до лична карта, проблемот беше злоупотреба на гласачите во странство. Нема да го решите ако ги избришете, туку да спречите друг да гласа во нивно име, вели Шекеринска.

Радмила Шекеринска - заменик претседател на СДСМ
Радмила Шекеринска – заменик претседател на СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пак вчера порача дека времето ќе покажи дали има фантомски гласачи.

-Прво го слушавме СДСМ како зборува дека има 500 000 фантомски гласачи, па намалија на 300 илјади, па на 200 илјади, па намалија на100 илјади фантомски гласачи, па едно време се збореше за некои 70 илјади, еве сега се зборува за некои 39 илјади кои треба да бидат проверени. Да оставиме на времето во наредните неколку недели нека бидат проверени тие 39 000, да видиме дали таму ќе се најде некој фантомски гласач, рече Груевски.

Никола Груевски - претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Никола Груевски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Според партискиот договор, во делот за Избирачкиот список за 39 502 спорни лица, три или повеќе члена на ДИК можат да побараат дополнителна проверка за било кое име.

Спорниот гласач може да биде побарано да се појави лично ако живее во земјата или преку видеоконференција ако живеат во странство.

Овие проверки ќе траат дополнителни 10 дена по 25-дневниот период, а за време на носењето на измените во Собранието, независната пратеничка Солза Грчева договорениот процес го нарече фарса.

–  „Тресла се гора, родио се миш“. Доаѓаат летни одмори, август месец, кој во август, како може практично да направи активна регистрација? Баба Зумбула ќе ја викаат од нива да проверат дали е на список? Па тоа е смешно, тоа е трагично. Како си замислувате дека овие луѓе ќе бидат цело лето на штрек? Јас овие граѓани ги повикувам на Скајп ако се пријавуваат да се маскираат. Па ова е смешно, го нема никаде, кој ќе потврди дека сум ја навистина преку Скајп ве молам. Ваков мајтап нема во цел свет. Бројката е смешна. Ги повикувам овие граѓани, доколку ги нема на Избирачкиот список да ги тужат партиите. Бидејќи партиите се ДИК, партиите се државата. Како може МВР да не знае каде живеат граѓаните?, рече Грчева.

НЕОПХОДЕН Е ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО

Дончо Герасимоски - поранешен директор на Државниот завод за статистика
Дончо Герасимоски – поранешен директор на Државниот завод за статистика

Партискиот договор за измени во Избирачкиот список не го затвораат проблемот со точната бројка на државјани со право на глас во и надвор од Македонија, оценуваат експертите кои што ги консултираше НОВА.

Пред да се прават корекции во Избирачкиот список, неопходно е да се направи попис на населението, вели за НОВА Дончо Герасимовски , поранешен претседател на Државниот Завод за статистика.

-Без темелни проверки нема веродостоен избирачки список. Ако утврдиле дека 170 000 гласачи од странство не е доволно да покажат дека имаат државјанство. Мора темелни проверки за тоа врз основа на што е издадено државјанство. Ние немаме ни конкретна бројка колку луѓе се иселени од земјава, колку деца се родени надвор од државата кои преку родител ќе добијат право на државјанство. Не смеат да се чекаат само избори, списокот е жива материја која треба да се ажурира катадневно. Ова поготово се однесува најмногу на Управата за матично работење и Министерството за внатрешни работи.Вака испаѓа дека ние утврдуваме спорни гласачи а ја немаме вкупната бројка. Кога би се спровел темелен и веродостоен попис тогаш ќе се знае до кај сме и што сме. Само во 2002 година 147 места во Македонија останал без население и 160 имаа до 10 жители. Можам да замислам каква е ситуацијата 14 години подоцна, вели Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика.

Дарко Алексов - претседател на МОСТ
Дарко Алексов – претседател на МОСТ

На хаотичниот систем на водење податоци на граѓаните во неколку наврати реагираше и претседателот на МОСТ, Дарко Алексов кој активно го следи Пржинскиот договор.

-Членовите на ДИК не се експерти за статистика и демографија. Тие се избрани од редот на правници, како може да ги знаат овие работи? Процесот доаѓа до колапс, се импровизира, и после тоа истите гласаат дали одредена група на гласачи ќе биде проверувана. Сите треба да имаме на ум дека следната година имаме и локални избори, овие проблеми со руинираниот систем, со неунифицираност на водење податоци на граѓаните и неможноста истите да комуницираат на ист јазик меѓу себе, немањето на унифицирана номенклатура на улиците и останатите системски пропусти ќе не вратат повторно назад каде повторно ќе ги третираме последиците. Системот е проблем, бројките во Избирачкиот список се последница, смета Алексов.

 

Според последната објава на ДИК, најмногу спорни гласачи има во општина Чаир – 5.418 гласачи, потоа во општина Тетово – 3.183, општина Гостивар – 2.671, општина Сарај – 2.420 и во општина Куманово која има 2.074 спорни гласачи.

Најмалку неконзистентни записи има во општините Пехчево и Ранковце – по 1, Чешиново-Облешево, Карбинци и Зрновце – по2 и во Дебарца со 4 спорни гласачи.

Дик Избирачки список
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.