Вечерва, во Кинотеката на Македонија, со почеток во 20 часот, ќе биде прикажан филмот „Регата“ во режија на Бернар Белфроа, правен според сценариото на Бернар Белфроа, Давид Ламбер.
Приказната се фокусира на ликот на Алекс, кој има само петнаесет години, живее заедно со својот татко и секојдневно трпи физичко насилство. Се бунтува против сè и сешто, а за да избега од својот кошмар тој тренира веслање на реката Меза.
Алекс има само една опсесија: по секоја цена да победи на Белгискиот шампионат во веслање во категоријата за поединци. Серхи, неговиот тренер, и Мјуриел, една млада девојка во која Алекс е вљубен, ќе му овозможат повторно да ги открие човечките вредностите кои ги има изгубено. Долга и тешка лекција за учење.