НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЈО: Отсуството на обвинител на увид кај Рампа не е пречка за истрагата

1
By Нова ТВ on July 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во вчерашната несреќа кај Рампа во скопската населба Кисела Вода, во која тешко повреден е мотоциклистот при удар од БМВ, јавен обвинител иако бил известен не излегол на лице место да изврши увид.

Ова е нотирано во записникот до кој дојде НОВА, во кој полициските службеници навеле дека јавен обвинител не излегол на лице место и настанот го препуштил на увидната екипа.

Од Државното јавно обвинителство за НОВА велат дека Законот за кривична постапка дава можност обвинителот сам да процени дали ќе се појави на лице место. Според нив тоа нема да биде пречка за истрагата.

-Согласно Законот за кривична постапка, јавниот обвинител одлучува дали ќе раководи со увидот на лице место на сторено кривично дело или истиот ќе го препушти на увидната екипа. Дополнително, со подзаконски акти се предвидени сите кривично-правни настани за кои со увидот на лице место задолжително раководи јавен обвинител.

Со оглед на тоа што во конкретниот случај не станува збор за сообраќајна несреќа со смртни последици, овој настан не спаѓа во листата на оние на кои задолжително со увидот на лице место раководи јавен обвинител. Неприсуството на јавен обвинител на лице место воопшто не претставува пречка за истрагата, велат од Обвинителство.

Оттаму наведуваат дека се во постојана комуникација и со екипата која го извршила увидот, но и со медицинскиот персонал кој ја следи состојбата на повредениот.

Обвинителството уште ги очекува записниците од МВР, резултатите од направените анализи на примероци од крв и урина од учесниците во сообраќајната несреќа, скиците и фотодокументацијата од терен. Од овие резултати ќе зависи натамошниот тек на постапката.

Во сообраќајката која вчера во 00:30 се случи кај Рампа во скопската населба Кисела Вода при судир на автомобил БМВ со мотоциклист, тешко повреден беше мотоциклистот Стојанчо Андонов (22), кој се уште се бори за живот.

-Состојбата на момчето е непроменета, тој е на интензивна нега и во животно загрозувачка состојба, изјави за НОВА директорката на болницата Јасмина Чабуковска.

urko1

Со автомобилот управувал познатиот телохранител на екс премиерот Никола Груевски , Дејан Митревски – Урко. Во билтенот на МВР се вели дека Урко преминал на спротивната коловозна лента и во него удрил мотоциклистот.

12345

Како што вчера објави 24 Вести, семејството на повреденото момче изјавило дека ноќта по сообраќајката Урко постојано бил со семејството на момчето во болница. Според семејството на повреденото момче, тој бил свесен дека му го пресекол патот на мотоциклистот.

 

 

ОЈО Урко
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.