Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФРОДЕМ бара одговори од “партизираното тело ДИК“

0
By Нова ТВ on July 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 29, 2016 10:57

Според политичкиот субјект ФРОДЕМ, тие и нивните приврзаници не можат, како што велат,  да се изначудат на молкот во јавноста за партизираната и девалвираната Државна изборна комисија – ДИК.

– Сите ние досгеа го видовме нејзиното вистинско грдо лице како и нејзината позадина. Сите нејзини членови се под целосна контрола на партиите кои ги предложиле или поддржале. Бараме од политичките партии и нивните лидери и преговарачи кои учествуваа во преговорите за излез од кризата наместо да глумат лудило и да се препукуваат и надмудруваат преку прес конференции под итно да и одговорат на македонската јавност на следниве прашања:

Зоштоа прочистувањето на списокот наместо рутинска и техничка операција стана политичка операција?

Дали партиските војници членовите на ДИК, по претходно добиени упатства и наредби од нивните партии поддржувачи, се факторот кој треба да ни каже кој има право да го оствари своето демократско право на глас, а кој не треба да се најде на списокот?.

Како е можно после вкрстеното споредување на списоците од постојните бази на податоци, бришењето на починатите како и бришење на дел од гласачите од Пустец, бројот на избирачи во избирачкиот список драстично да се зголеми? Дали ова беше операција за прочистување или на дозамрсување на избирачкиот список. Кој ќе сноси одговорност?

Како е можно кога ДИК гарантираше дека избирачкиот список е прочистен и со него требаше да се излезе на претходно закажаните избори и во овие 39.502 спорни гласачи повторно да се најдат истите луѓе фантоми кои еднаш беа избришани?, пишува во соопштението на ФРОДЕМ.

Според нив членовите на ДИК не работеле туку само политички се надмудрувале во зависност од добиените упатства и наредби.

– За својата досегашната неработа освен редовната плата членовите на ДИК дополнително си поделија и дебели хонорари. Благодарение и со помош и поддршка на четирите политички лидери овие персони ги полнеа своите џебови од устата на чесниот и се посиромашен македонски граѓанин. Со право конечно граѓаните на Република Македонија имаат право јасно и гласно да кажат: ,,Кој не е за нас, тој е против нас”, реагира ФРОДЕМ.

Дик Избирачки список ФРОДЕМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.