Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бетон ем го гради Скопје 2014, ем зема пари за негово одржување

0
By Нова ТВ on July 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 29, 2016 14:20

Градежната компанија „Бетон“ и во наредните две години ќе се грижи за одржување на спомениците и фонтаните од проектот Скопје 2014. Оваа фирма во сопственост на бизнисменот Минчо Јорданов повторно го доби тендерот од Град Скопје во вредност од 861.000 евра.

Градската власт на Коце Трајановски од 2014 година ги презеде  спомениците и фонтаните од општина Центар и оттогаш секоја година на јавен повик избира оператор кој ќе се грижи за нив и секој тендер го добива „Бетон“.

Во 2014 „Бетон“ бил единствен понудувач, а тендерот „тежел“ 325.000 евра. И на повикот во 2015 „Бетон“ немал конкуренција и си добил 488.000 евра од градската каса. На тендерот оваа година за прв пат освен фирмата на Јорданов, се јавила уште една компанија, но повторно бил избран „Бетон“ како најповолен понудувач, кој сега си се обезбеди со 861.000 евра во наредните две години.

„Фирмата Бетон има обврска во наредните две години да ги одржува сите споменици во централното градско подрачје, специфицирани по список.   Станува збор за редовно одржување на фонтаните и на целокупниот број на спомен обележја поставени на плоштадите, мостовите и фонтаните во централното градско подрачје.“, изјавија за НОВА од Град Скопје.

А.Д. Бетон – Скопје освен од одржување на спомениците, искешира најмногу пари и од изградбата на проектот Скопје 2014. Според податоците што ги објави Призма во истражувањето „Скопје 2014 под лупа“ , Бетон е најголем изведувач со 31 објект или во пари тоа се повеќе од 191 милиони евра на контото на Јорданов.

beton 1
фото Призма

Според оваа база на податоци, во рамките на проектот Скопје 2014 се изградени две фонтани ( фонтана на плоштад Македонија и во Вардар), како и 34 споменици, за чие одржување во наредните две години ќе се грижи Бетон.

1minco3
сопственикот на Бетон – Минчо Јорданов е втор најбогат Македонец

Минчо Јорданов три години по ред беше прогласуван за најбогат македонски бизнисмен од магазинот „Форбс“. Оваа година од тронот го симна сопственикот на „Орка холдинг“ Орце Камчев, кој му „избега“ на Јорданов со 3 милиони евра повеќе. Богатството на Јорданов се проценува на 22,5 милиони евра, колку што чинат неговите фирми Макстил, Бетон и Факом.

 

Бетон Град Скопје Минчо јорданов Скопје 2014
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

ВЕСТИ June 19, 2026

Израел и Хезболах постигнаа договор за примирје којшто стапи во сила денеска во 16 часот…

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.