Жири комисијата на шестото издание на театарскиот фестивал „Лица без маски“, во состав: Васил Зафирчев, Сотир Трајков и Дарко Вељиќ одлучија Гран при наградата за најдобра претстава во целина да се додели на претставата „Убиј ги децата“, во режија на Фабио Омодеи, во изведба на Академијата за театар „Софија Амендолеа“ од Рим, Италија.
Претставата доби највисоки оценки и од публиката.
Наградата за најдобра режија жирито ја додели на Саша Ефтимова, за нејзиниот авторски проект „Филм“.
Наградата за најдобра актерска игра Тодор Нисторов му припадна на актерот од бугарскиот театар „Ателје 313“ од Софија, заради креацијата во претставата „Деволуција“.