Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кого поддржува власта: турската демократија или Ердоган?

4
By Нова ТВ on July 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 30, 2016 15:44

Владата на Република Македонија смета дека треба да се почитува волјата на турскиот народ и демократски избраните претставници во земјата.

Ова е одговор од портпаролот на Владата на Александар Георгиев на прашање на НОВА каков е ставот на власта во Македонија по најавите дека официјална Анкара во некои земји испратила барања за затворање на образовни институции кои тие ги сметаат за блиски до пучистите и дали Македонија ги поддржува акциите на Ердоган по задушениот воен удар.

-Република Македонија и Република Турција се пријателски земји. Ставот на Република Македонија е секогаш почитување на волјата на турскиот народ и демократски избраните претставници во земјата. Единствените легитимни претставници и институции во Република Турција се тие кои се избрани на избори и тие ја уживаат нашата поддршка. Затоа, Македонија најостро го осудува насилниот обид за преземање на власта од страна на  во воени лица, се вели во одговорот до НОВА.

Од Владата не одговорија конкретно дали присуството на министри од македонската Влада на собирот за поддршка на Ердоган, кој се одржа во Скопје неделава е и нивен официјален став.

Нема коментар ниту за написите кои ги објави Државната новинска агенција во Турција – Анадолија, според која постои шема на организацијата Фето на Фејтула Ѓулен во сите балкански земји, меѓу кои и Македонија.

Според Анадолија, ФЕТО е терористичка организација која е предводена од политичкиот противник на претседателот Реџеп Ердоган, а во која се вклучени стотина училишта, туристички агенции, невладини организации, медиуми.

Во неколку градови во Македонија, според новинската агенција, има фирми од образованието, транспортот, трговијата, здравството и туризмот кои се поврзани со ФЕТО.

Први на листата, според агенцијата, се основните и средните училишта „Јахја Кемал“ во Скопје, Тетово, Гостивар, Струга и во Струмица. Потоа неделникот „Заман Македонија“, како и организацијата „Седеф“ која организира курсеви на турски јазик. Меѓу фирмите на црната листа се туристичката агенција „Башак“, компанијата за транспорт „Реинбоу“ и ланецот од маркети ЕВАР, кои се наоѓаат во Скопје.

фото: Анадолија
фото: Анадолија

Од турската амбасада во Скопје не откриваат дали Турција официјално побарала од Македонија да преземе мерки против наводните соработници на движењето ФЕТО кое го сметаат за терористичка организација која стои зад неуспешниот воен преврат на 15 јули.

Од списокот на „непријателски фирми“ на новинската агенција Анадолија, засега реагираа само од „Јахја Кемал“ од каде што велат дека тие немаат никаква поврзаност со Фетула Ѓулен, ниту финансиска, ниту каква било друга и дека се работи за македонска компанија која веќе 20 години без никакви проблеми функционира во Македонија.

МНР молчи

Македонското министерство за надворешни работи засега молчи за тоа дали турските власти побарале од надлежните во земјата да преземат мерки против одредени организации, кои официјална Анкара ги смета за дел од мрежата на Фатула Ѓулен, кого турскиот претседател Таип Ердоган го посочи како одговорен за неуспешниот воен удар.

Се до објавување на текстот, не добивме одговор од МНР дали е пристигнато официјално барање.

Според претседателот на дипломатскиот синдикат во Македонија, Сашко Тодоровски, дури и да пристигне, власта не би смеела да го зема в предвид воопшто.

-Не знам дали МНР има добиено такво барање, но и да прими, принципот на пристап би требало да биде едноставен – да се врати и да се прокоментира дека такво барање е навредливо. За што ќе ги гониме тие луѓе? Претпоставувам дека има луѓе кои се со поинакви ставови што е апсолутно право на слобода на мислење, не мора тоа да е усогласено со челникот на која било власт.

Не гледам за што теоретски би можеле да ги гониме. Поистоветување на ѓуленисти со организатори на воен удар е неразумно. Едно е да  верувате во нечии гледишта, друго е  да сте посегнале по примена на сила. Македонија не би смеела воопшто да прифати такво писмо, вели Тодоровски за НОВА.

Сашко Тодоровски - претседател на Синдикатот на дипломатската служба
Сашко Тодоровски – претседател на Синдикатот на дипломатската служба

Ваквото мислење не го дели претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Македонија, Таксин Ибрахим. Тој вели дека Сојузот од 65 турски здруженија во Македонија комплетно ги игнорира турските организации во земјава кои се најдоа на „црната листа“, бидејќи како што вели, тие се предавници на турската држава.

-Факт е дека такви институции во Македонија има, дел се појавија и во медиумите. Како може тие да функционираат толку години со пари од предавниците, па и да ги затворат не треба да не чуди, вели Ибрахим.

Посебни симпатии за Ердоган во Македонија

По низата собири во Струмица, Струга, Кичево, Гостивар и во Скопје, поддршката од Сојузот на турските невладини организации „Матуситеб“ за Турција, а посебно за претседателот Ердоган не стивнува.

Претседателот на Сојузот, Таксин Ибрахим вели дека собирите во градовите низ Македонија ќе продолжат. Тој тврди дека целта првенствено е да се поддржи Турција, чии институции според него биле мета на мала група „предавници“, но воедно вели дека целосната поддршка ја има и претседателот Ердоган.

-Ние сме на страната на демократијата и строго го осудивме насилниот обид од мала група предавници инсталирани во турската армија. Ја поддржуваме Турција, а посебно симпатии имаме кон претседателот Ердоган. Тој е легално избран, а погледнете само какви се меѓудржавните односи со Турција во време на неговиот мандат. Ја имаме и турската агенција за соработка и координација (ТИКА) која инвестираше и сака да продолжи со активностите во Македонија, во културата, здравството итн.  Горди сме на ваквите активности на претседателот Ердоган, вели Ибрахим во изјава за НОВА.

фото: Собир на „Матуситеб“ на скопскиот плоштад „ Филип Втори“
фото: Собир на „Матуситеб“ на скопскиот плоштад „ Филип Втори“

Во Турција е прогласена тримесечна воена состојба. По задушениот пуч приведени се илјадници припадници на војската, разрешени судии, од работа беа отпуштени илјадници просветни работници, а на академиците им е забрането да патуваат во странство. Турските власти уапсија 61 новинар, како и сопственици на медиуми.

На Иницијативата на Меѓународната федерација на новинари (МФН) и Европската федерација на новинари (ЕФН) против бранот на напади врз слободата на медиумите и човекови права во Турција се приклучи и Здружението на новинарите од Македонија.

ЗНМ, и сите членки на МФН и ЕФН ги повикуваат турските власти да ги почитуваат меѓународните конвенции за човековите права, социјалните права  и слободата на говорот.

„Ве охрабруваме да ја негувате културата преку која во целост се почитува слобдата на печатот“, се истакнува во писмото.

ЗНМ испрати и линк на кој се набројани имињата на затворените новинари и сопственици на медиуми. Истовремено, Здружението на новинарите на Македонија ја повика македонската јавност да ја потпише петицијата на Амнести Интернешнел во која се бара заштита на слободата и демократијата во Турција.

Влада на РМ Ердоган Матуситеб МНР Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.