НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Папа Франциско: Исламот не е тероризам

0
By Нова ТВ on August 1, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

“Не е точно и не е вистина дека исламот може да се изедначи со тероризам”, изјави вчера Папата Франческо во Краков каде се одржува Меѓународните денови на младите, годишен настан на кој се собираат младите католици од светот.

Папата беше почесниот гостин на овој настан. Тој одби да направи амалгам помеѓу исламот и тероризмот и додаде дека католиците можат исто така да бидат насилни како и муслиманите. Според него, Европа е таа која турка еден дел од своите млади кон тероризмот.

Изјавите дојдоа по терористичкио напад во една црква во Франција во која беше убиен еден католички свештеник.

“Не мислам дека е праведно да се изедначува исламот со насилство. Секој ден, кога отворам весник, гледам насилство во Италија, некој што ја убил неговата девојка, друг кој ја убил таштата и сите тие се крстени католици”, изјави Папата во авион патувајќи кон Краков.

“Ако треба да зборувам за исламско насилство, тогаш морам да зборувам и за христијанско насилство. Во речиси сите религии отсекогаш имало група на фундаменталисти. И ние имаме такви”, рече тој.

Папата тврди дека религијата не е моторот на насилството: “И јазикот може да убие исто како и ножот”, изјави тој мислејќи на големиот пораст на популистички партии кои носат расизам и ксенофобија.

“Тероризмот просперира кога богот-пари е ставен на прво место и кога нема друга опција. Колку млади од Европа оставивме без идеали, без работа? Тогаш тие се вртат кон дрогата, алкохолот и одат во фундаменталистички групи”, рече Папата.

BELGAIMAGE-94896688

Истата порака стаса и од претставниците на муслиманите во Франција. По убиството на францускиот свештеник, вчера муслиманите во Франција и Италија присуствуваа на неделните миси во црквите како знак на солидарност и братство со католичките браќа.

ислам Папа Франциско тероризам христијансто
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.