Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Народен правобиранител: Итно да се најде покрив над главата за Ромите

1
By Нова ТВ on August 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 1, 2016 18:09

По веста дека стотина Роми утрово останаа без дом, откако во заедничка акција на Град Скопје и Министерството за труд и социјална политика со багери им беа урнати импровизираните домови под скопското Кале до реката Вардар, се огласи Народниот правобранител.

Од таму апелираат до сите надлежни органи особено ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје и Министерството за труд и социјална политика неодложно да преземат мерки за сместување на семејствата кои останале под ведро небо и без никаква заштита.

„Неприфатливо е да спроведуваат акции од ваков тип кои не се хуман и без претходна координација со надлежните органи за обезбедување на место каде ќе се сместат семејствата чии домови треба да се урнат, макар тоа било и импровизирани објекти.“, пишува во соопштението од Канцеларијата на Народниот правобранител.

Според Народниот правобранител, неспорно е дека објектите во кои живееле со години се импровизирани, но исто така неспорно е дека  ниту еден орган во овој повеќегодишен период не се заложил проблемот да го реши со соодветно домување на овие семејства, туку  тие според него биле оставени буквално надвор, без каков било покрив над главата. Меѓу нив има жени, деца, што укажува дека целта на акцијата била уривање, без да се води сметка што понатаму со членовите на семејставата, и каде тие  ќе продолжат да живеат, смета правобранителот.

„За секаква осуда е тоа што децата, жените, па и старите лица на овие температури се оставени надвор. Со ваквите нехумани постапки надлежните органи ја заборавиле обврската да водат сметка за најдобриот интерес на детето, што во случајот сигурно не е воопшто земено во предвид.“, стои во реакцијата на Народниот правобранител.

Народниот правобранител апелира итно да се преземат мерки за соодветно сместување и обезбедување услови за егзистенција на овие семејства, потсетувајќи дека Република Македонија со донесување на Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите и потпишувањето на процесот Декада на Ромите се обврза да ја подобри состојбата со домувањето на припадниците на ромската заедница, а тоа значи дека мерките и активностите треба да се насочени кон позитивни промени, односно решенија, а не рушење и оставање на семејствата да се снајдат како што самите знаат и умеат, како што е направено во конкретниот случај.

Народен правобранител Роми уривање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.