НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството за организиран криминал ќе се сели во зградата на Државниот архив

0
By Нова ТВ on August 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавното обвинителството за организиран криминал и корупција следната година ќе се пресели во зградата на Државниот архив. Ова обвинителство со години е сместено во објектот на Апелациониот суд, а новата локација е на само 50 метри од судот.

Обвинителството на јавен оглас ангажираше градежна фирма која ќе им го уреди и реконструира објектот на Архивот, кој сега е префрлен во нова зграда од проектот Скопје 2014 покрај кејот на Вардар.

За градежните работи е ангажирана компанијата Бауер БГ од Скопје, која за зделката ќе добие 640.000 евра, а рокот за изведба е една година. Според имотниот лист, објектот на Архивот е во државна сопственост и има 1314 м2 простор и двор од 7565 м2.

Од прес службата на Државното јавното обвинителство за НОВА потврдија дека е склучен договор со фирмата Бауер и велат дека зградата на Државниот архив му била доделена на Обвинителството за организиран криминал уште од 2012 година. Оттаму  ги наведоа и причините за преселбата на обвинителството со кое раководи Јован Илиевски, баџанак на екс директорот на УБК Сашо Мијалков.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во моментов користи простории во зградата на Апелациониот суд – Скопје, кои ни од далеку не ги задоволуваат ниту просторните ниту техничките услови за работа на ова обвинителство. Токму затоа, Владата на Република Македонија со одлука бр.41-874/2 од 21.02.2012 година на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција му ја додели во трајно користење поранешната зграда на Државниот архив на Република Македонија. Сепак, специфичната работа на ова обвинителство, како и зголемените надлежности согласно новиот Закон за кривична постапка, налагаат просторна адаптација и материјално-техничко опремување на истата.“, соопштија за НОВА од Јавното обвинителство на РМ.

Новата зграда на Републичкото јавното обвинителството на чие чело е Марко Зврлевски беше пуштена во употреба во 2013 година. Во него се  сместени Основното и Вишото јавно обвинителство -Скопје како и Јавното обвинителство на Република Македонија. Објектот чини 13 милиони евра и е дел од проектот Скопје 2014.

Државен архив Јован Илиевски Марко Зврлевски Обвинителство за организиран криминал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.