Поради силното невреме кое ја погоди Македонија, а најмногу скопскиот регион, делови од градот и околината со часови се без струја. Портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски, за НОВА вели дека „прекинот настанал поради кинење на каблите за напојување на електрична енергија, по што скопскиот, гостиварскиот и тетовскиот регион останаа без електричка енергија“.
„Во скопскиот регион прекин има во делови од Визбегово, Волково, Ноовоселкси Пат, Топанско Поле, Горно и Долно Соње , Орман, Матка, Кисела Вода.“, изјави Ковачевски
Од ЕВН апелираат граѓаните да ги пријавуваат дефектите. Нивните екипи се на терен, но работата е отежната поради невремето, но велат дека ќе работат цела ноќ на остранување на дефектите.