Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФРОДЕМ бара одговорност на виновниците за трагичната поплава

0
By Нова ТВ on August 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 13, 2016 15:13

ФРОДЕМ ја повикува јавноста но пред се народните пратеници да побараат утврдување на конкретна одговорност на виновниците за трагедијата, а раководствата на партиите на власт конечно да соберат храброст и да излезат од под шинелот на опасната по нацијата колективната неодговорност.

“Мандатот кој е добиен од граѓаните не е бланко, туку дека секојдневно треба да се потврдува. Отсуството на отчетноста значи непочитување на уставниот поредок. Уставот го задолжил Собранието да бара отчет од функционерите во извршната власт. Слаба законодавна власт значи отсуство на индивидуална одговорност и поттикнување на јавашлак”, вели ФРОДЕМ и потсетува дека во македонската плуралистичка историја само еднаш се случи доблесен чин на поднесување неотповиклива оставка (Антонио Пешевски), како морален чин на прифаќање на т.н. објективна одговорност:

“Во два други наврати имавме тактички министерски оставки, кои беа поднесени иако однапред се знаеше дека нема да бидат прифатени. Првата на поранешниот министер за внатрешни работи во врска со атентатот на претседателот Глигоров, втората во врска со потонувањето на преполнетиот брод во Охридското езеро на сега осомничениот по многу основи Јанакиевски”.

Според движењето ФРОДЕМ “актуелниот режим, во своето долго владеење, создаде квази-систем на неприфаќање одговорност односно систем на неодговорност. Оваа противуставност за основа го има ирационалното равенство дека грешката на било кој функционер значи грешка на вождот односно на врхушката на режимот”.

Според ФРОДЕМ експертите заклучија дека човечката грешка има голем удел во поплавата:

“ФРОДЕМ во целост ги поддржува заклучоците и ставовите на експертите од кои јасно стана дека лошо или не докрај изведениот проект на заобиколицата, непрочистените канали за кои е платено прочистување, бесправното сечење на шумата на Скопска Црна Гора, но пред се човечкиот фактор односно непрофесионалноста на раководните екипи во УХМР, ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Македонија пат“, МВР, неодговорните градоначалници на Град Скопје, општина Гази Баба, министерите за земјоделие и шумарство, за заштита на животна средина и просторно планирање и министерот за транспорт и врски, се главните виновници и причина за оваа досега невидена трагедија.”

А колективниот пристап кон одговорноста значи неодговорност и мора да се утврди конкретна, објективна одговорност на раководни поединци.

одговорност политика поплава ФРОДЕМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.