НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На денешен ден пред 15 години беше потпишан Рамковниот договор

0
By Нова ТВ on August 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
На денешен ден пред 15 години беше потпишан Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на воениот конфликт во Македонија во 2001 година, а договорот беше замислен како темел на меѓуетничкиот соживот во државата.

Договорот беше потпишан од тогашниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДПА Арбен Џафери.

Потписници на договорот, во својство на гаранти, беа и специјалните претставници на ЕУ и САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју, кои учествуваа во преговорите. Покрај потписниците во разговорите учествуваа и Хавиер Солана, тогашен висок претставник на ЕУ за безбедносна и надворешна политика и Питер Фејт, претставник на САД, како и повеќе правни експерти, меѓу кои професорите Владо Поповски и Љубомир Фрчковски.

Преговорите биле мошне напнати, бидејќи се одвивале паралелно со вооружени непријателства помеѓу двете страни. Во неколку наврати имаше ризик преговорите да бидат прекинати и конфликтот да ескалира во отворена граѓанска војна.

Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор, денес на Попова Шапка организираше работна конференција „Охридски договор – предизвик и гаранција за интеграција“. Поканети беа претседателите на партии, амбасадори, функционери во извршната и во законодавната власт, а поканети се и потписниците на договорот, поранешните лидери на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски.

Поканет е и холандскиот дипломат Питер Фејт од Европскиот институт за мир. Тој беше присутен во земјава за време на кризата во 20о1 година.

Неговиот институт, по нарачка на Секетаријатот за спроведување на договорот, подготви извештај за спроведувањето и за она што треба да се направи како обврска од потписот ставен во Охрид пред 15 години. Минатата година требаше да се организира конференција на која требаше да се разговара за овој договор но средбата беше откажана поради политичката криза во нашата земја.

годишнина Рамковен договор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.