Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талески очекува Апелација да му го укине куќниот притвор

0
By Нова ТВ on August 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 18, 2016 13:58

dvojkagl

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, верува дека Апелациониот суд ќе донесе одлука за укинување на куќниот притвор, кој тој го издржува како првоосомничен во случајот „Транспортер“ на Специјалното обвинителство .

По денешна јавна седница на Апелација, која траеше околу час и половина, битолскиот градоначалник за медиумите изјави дека е убеден оти набрзо ќе следи расплет на случајот.

-Апсолутно се чувствуваме супериорни затоа што вистината е на наша страна и јас сум убеден дека овие луѓе во Апелација ќе ја согледаат вистината и ќе донесат исправна мерка, така што ценам дека сето ова почнува да добива еден расплет. Јас сум убеден дека за кратко граѓаните ќе видат дека целата ситуација е наместена и ќе повторам, не може од еден телефонски разговор, кој што го водат некои двајца луѓе за некој трет, третиот да биде обвинет за некој прекршок. Јас сум сигурен дека сето ова брзо ќе се расчисти, но да оставиме времето да покаже, рече Талески.

Тој призна дека иако е во притвор, од дома раководи со општината, бидејќи, како што вели освен притворот нема никаква друга забрана.

-Многу пријатно се изненадија моите соработници,затоа што СЈО уште еднаш дојде да провери дали градоначалникот потпишува, се разбира дека потпишувам јас имам мандат и освен мерката куќен притвор немам ниедна друга забрана, рече Талески.

Домашниот притвор за првиот човек на Битола кој беше на двапати продолжен на барање на Специјалното обвинителство истекува а 20 дена, односно на 20 август, а во меѓувреме одбраната на Талески се пожали и до Аплелациониот суд за изречената мерка. Според обраната, тој неосновано повеќе од 60 дена се наоѓа во притвор.

Специјалното обвинителство пак побара Апелација да ја одбие жалбата на одбраната и да го потврди решението за куќен притвор. Одлуката на Апелациониот суд ќе биде соопштена за неколку дена.

Случајот со превозот на учениците, беше споменат и во 19. „бомба“ на опозицијата, во која министерот за финансии Зоран Ставрески во разговор со екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска, споменува дека битолскиот градоначалник за превоз на учениците склучил договор „коруптивен до даска“ со цени десет пати повисоки од предвиденото.

Специјалното јавно обвинителство ги товари Талески и уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра, во случајот „Транспортер“.

 

 

Апелационен суд Владимри Талески СЈО транспортер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.