НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: За исплата на штетите нема потреба од нови задолжувања

0
By Нова ТВ on August 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денешната изјава на Емил Димитриев е потврда дека владините институции се во целосен хаос околу справувањето со последиците од поплавите што ги зафатија скопскиот и тетовскиот регион, се вели во реакцијата од СДСМ.

– Ниту  проценката е завршена како што беше најавено, ниту се најавува минимум праведна распределба на првичната помош за настраданите.

Доказ за неспособноста на оваа влада е признанието дека за најавените 33 милиони евра за отштета дополнително планираат да земат нов  кредит од меѓународни институции. И покрај тоа што пред помалку од еден месец незаконски издадоа еврообврзница од 450 милиони евра, денес самите признаа дека не се во состојба од тие средства да одвојат само 7% и да ги наменат за санирање на штетите од поплавите.

СДСМ предлага 20 милиони евра од четвртата еврообврзница, што беа наменети за бегалската криза да се пренаменат за санирање на штетите од поплавите. Истовремено Владата под итно да се откаже од 15 милиони евра најавени за Рајската Градина во општина Аеродром и од 18 милиони евра за Панорамското тркало.

Со пренамената на било кој од овие два проекта, заедно со средствата од четвртата еврообврзница нема да има потреба од никакво дополнително задолжување. Елементарните потреби и проблеми на граѓаните на Р.Македонија мора да бидат ставени како приоритет пред изградбата на тркала и градини.

СДСМ бара што побрзо да започне исплатата на штетите на настраданите од поплавите, под еднакви услови за сите граѓани, без партиски списоци и без никакви дополнителни кредити, се вели во соопштението.

Влада задолжување поплави СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.