НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Голубовиќ: Живееме во драматични времиња

0
By on April 20, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Важните уметнички дела настануваат од важни теми на едно општество, а нив на овие простори ги има многу зашто сегашноста е многу турбулентна и занимлива.“, рече на прес-конференција Срдан Голубовиќ, режисер на филмот „Кругови“ со кој вчера во кино Милениум почна 16. Скопски филмски фестивал.

Третиот филм на овој српски режисер со темата предизвика внимание на големите фестивали како „Санденс“ каде доби специјална награда од жирито и Берлинале.

Филмот се базира на настан во Требиње, БиХ, за време на војната, 1993, кога младиот Србин Срѓан Алексиќ бил убиен од свои сонародници зашто спасил еден муслиман.

Приказната во филмот е сместена по 12 години од трагичниот настан. Дали херојските дела имаат смисла, моралноста, простувањето, се прашања што ги отвора филмот на Голубовиќ.
Голубовиќ бил инспириран документарец за Срѓан Алексиќ, во кој неговиот татко (Раде), кој во филмот го игра актерот Александар Берчек, вели дека доколку подвигот на Срѓан ги натера другите луѓе да прават добри дела во иднина, за него смртта на неговиот син ќе биде помалку трагична. Таа реченица била клучна за сценариото.

Според него, на овие простори има висока доза на драматичност што, рече тој, е лошо за нашиот живот, но многу добро за уметноста.

„Осудени сме на големи теми. Кога ја слушнав приказната за Срѓан Алексиќ, сфатив дека е тоа можеби за мене лично најголема тема која сум ја слушнал. Сфатив дека Срѓан Алексиќ е јунакот што сум го чекал цел живот и дека во неговиот чин се наоѓа есенцијата на се она за што јас размилував за војните на просторот на поранешна Југославија. Неговиот херојски чин е нешто со што се поистоветувам лично, но и целата моја генерација, која имаше 18 години кога почна војната, а скоро 30 кога завршија сите војни на овие простори. Тоа време го одбележа мојот живот и имав потреба да направам филм што за мене ќе биде тестамент за тоа време и со него да завршам и повеќе да не правам филмови кои се занимаваат со 1990-тите“, рече Голубовиќ.

Пред проекцијата на „Кругови“ вчера вечер во „Милениум“, режисерот рече дека има филмови што насмејуваат и што расплакуваат, но дека овој сигурно не е од првите. Ја поздрави скопската публика и кажа дека има многу луѓе од Македонија што влијаеле врз него, спомнувајќи ги режисерите Столе Попов, Милчо Манчевски и Слободан Унковски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.