Тропската бура Лестер, која се претвори во ураган и се движи кон запад преку Тихиот Океан, оддалечувајќи се од копното на Мексико, соопшти Националниот центар за урагани во САД, објави БТА.
Ураганот чија максимална брзина на ветровите е 120 километри на час, се наоѓа на 885 километри југозападно од најјужната точка на мексиканската држава Долна Калифорнија, информираат од Центарот со седиште во Мајами.
Бурата се движи со брзина од 15 километри на час.
Во исто време, во северниот дел на Пацификот на југоисток од Хавајските Острови се формирала тропската бура Медлин. Максималната брзина на ветровите и е 65 километри на час, а Медлин се движи во западна насока со 19 километри на час, соопшти Центарот.