НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ в четврток на протест за ослободување на Божиновски

0
By Нова ТВ on August 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението на новинари на Македонија на 1 септември (четврток) ќе организира протест за ослободување на новинарот Зоран Божиновски, соопшти претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

Протестот ќе се одржи пред Основниот суд во Скопје, каде дента е закажано првото рочиште од судењето на Божиновски.

„Управниот одбор на ЗНМ усвои одлука, на први септември да организира протест пред Основниот суд во Скопје, кога се очекува да се оддржува првото судско рочиште од судењето на новинарот Зоран Божиновски“, објави Селмани на неговиот профил на Фејсбук.

Пред два дена, во писмо упатено до претседателот и до јавниот обвинител, Меѓународната федерација на новинари повика на итно и безусловно ослободување на Зоран Божиновски.

Новинарот Зоран Божиновски останува во надлежност на Јавното обвинителството на Марко Зврлески, иако тој е дел предметот Шпион, кој со одлука на Апелациониот суд е даден во надлежност на Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева. На рочиштето на 1 септември најверојатно ќе се појават обвинители од двете обвинителства.

Зоран Божиновски беше уапсен на 21 април по неговата екстрадиција од Србија и оттогаш е во притвор.

„Шпион“ Зоран Божиновски СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.