Санта Аргирова е новиот уредник на информативната програма на јавниот сервис. Согласност за предлогот на СДСМ дадоа и останатите партии ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА. Новинарката Аргирова на оваа фунција во јавниот сервис ќе стапи сто дена пред изборите кои се закажани на 11 декември.
Освен договор за главниот уредник на МРТВ, падна одлука и за предлог на петтиот член на ад хок телото меѓу лидерите на СДСМ и ДУИ. Тоа е Љуљзим Хазири поранешен дописник на МТВ од Гостивар, универзитртски професор и активист на невладиниот сектор.
Се очекува по официјализирањето на овој предлог, останатите четворица членови на ад хок телото да го изгласаат Хазири.
Во Клубот на Пратеници се очекува вечерва да се врати Груевски и официјално да се соопшти дека изборите ќе се одржат на 11 декември.