НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вртоглави 1 милијарда евра потрошени во англискиот фудбалски пазар

0
By Влатко Чаловски on September 1, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вртоглави над 1 милијарда евра потрошија годинава англиските фудбалски тимови за трансфери на играчи, со цел да ги зацврстат своите тимови и да ја освојат шампионската титула во фудбал на Островот.

Овој летен трансфер-период кој започна на 1 јули а заврши со регистрација на играчи во нови клубови минатата ноќ во 00.00 часот, влезе во историјата како најскапиот за англискиот фудбалски пазар во кој беа потрошени над 1.4 милијарда евра за откупување на првата на сопственост на играчите.

Од нив најмногу се издвојува трансферот на францускиот фудбалер, 23-годишниот Пол Погба од италијанскиот клуб Јувентус во англискиот Манчестер Јунајтед, кој е во вредност од 105 милиони евра.

Овој трансфер е особено интересен ако се знае дека Погба беше играч на Јунајтед до 2012 кога бараше шанса од тогашниот тренер Сер Алекс Фергусон да игра од Академијата за младинци на клубот во првиот тим но не ја доби, по што за 600.000 евра замина во Јувентус.

Од клубовите во Англија, сепак градскиот ривал Манчестер Сити е најголемиот потрошувач годинава, со потрошени 200 милиони евра на засилувања, по што следуваат Јунајтед со 170 милиони и Челзи со 149 милиони.

Вртоглави суми трошеа и помалите клубови а неколку од нив го скршија сопствениот рекорд меѓу кои се и минатогодишниот шампион Лестер, Ватфорд и Кристал Палас.

Англиската Премиер лига како за играчите, така е најпопуларна и за светските имиња на тренерските позиции, така што годинава фановите на англискиот фудбал ќе можат да ги следат меѓусебните дуели и на врвните стручњаци Јурген Клоп (Ливерпул), Жозе Мурињо (Манчестер Јунајтед), Пеп Гвардиола (Манчестер Сити), Антонио Конте (Челзи), Арсен Венгер (Арсенал), Славен Билиќ (Вест Хем), Валтер Маѕари (Ватфорд), Маурисио Покетино (Тотенхем) и на минатогодишниот најдобар менаџер во лигата Клаудио Раниери (Лестер).

Премиер лига фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.