НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Физиотерапевтите бараат закон и заштита од дивите масери

0
By Менче Атанасова Точи on September 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да се стави крај на дивите масери кои се преставуваат како терапевти, а имаат направено големи штети на многу пациенти, бараат од Здружението на професионални физиотерапевти на Македонија. Не се знае колку само наречени терапевти масираат и местат пршлени на диво во приватни куќи, а многу од пациентите се плашат да ги пријават иако им нанеле голема штета на здравјето. Од Здружението на професионални физиотерапевти велат дека со воведување на закон и основање на Комора на физиотерапевти ќе се стави ред, ќе се воведе регистар, ќе се издаваат лиценци за работа, а со тоа ќе се стави и крај на дивите терапевти.

„Има пациенти што доаѓаат кај нас потоа, но има и еден феномен, тие ретко зборуваат за своите лоши искуства од разни местачи и масери. Постојат фрапантни случаи. Се додека не се воведе ред, не се донесе закон и не се формира Комора на физиотерапевти ќе ни се случува тоа“ изјави Горан Саневски претседател на Здружението на професионални физиотерапевти на Македонија.

Тој нагласи дека образованието, можноста за прогресија и истражувачка работа се многу важни и затоа наместо три треба да им се овозможат четиригодишни студии со можност за напредување понатаму. Но, директорите на Јавните здравствени установи распишуваат огласи за физиотерапевти само со завршено средно образование иако тоа не носи квалитет и прогрес, а во Светската федерација на физиотерапевти такво нешто не постои и не е дозволено.

Ситуацијата е слична во повеќето земји од поранешните ЈУ простори, но Македонија заостанува зад нив. Во Црна Гора ситуацијата не е лоша, таму веќе имаат Закон за физиотерапевти и можат да се заштитат од луѓето кои сакаат да се збогатат на лесен начин.

„Добивме закон во јануари и во март годинава основавме комора да се заштитиме од луѓето кои на ваков начин сакаат да се богатат. Но и Управата за инспекциски надзор си ја врши својата работа, граѓаните пријавуваат и мислам дека годинава има околу  20 тина пријави за диви масери“, изјави Крсто Ковачевиќ претседател на  Здружението на физиотерапевти на Црна Гора.

Словенија и Хрватска се земји кои најмногу напреднале во овој поглед, така што Ковачевиќ вели дека учат од хрватските искуства. Во Словенија постојат 1200 физиотерапевти во примарна, болничка и приватна пракса. Нивното здружение е член на Светското здружение на физиотерапевти.

„Имаме се што ни треба, имаме своја автономија да работиме како сметаме и постои Национален план. Законот дозволува и работа како концесионери. Во Словенија постои закон за заштита од само наречените терапевти и годинава имавме десеттина пријави за диви масери, но тешко е да се контролира ситуацијата“, рече Габриела Старц, претседател на Здружение на физиотерапевти на Словенија.

Нејзината колешка од Хрватска, Катерина Иванковиќ вели дека имаат и закон и комора, а целта им е да го подигнат нивото во осамостојување на професијата.

„Се обидуваме да се избориме за подигнување на нивото бидејќи  најголем проблем е што здравствениот и образовниот систем не се синхронизирани“, вели Катерина Иванковиќ од Хрватски збор на физиотерапевти.

Во БИХ Комората на физитерапевти е основана во 2011 година и од тогаш издава лиценци за работа.

„Сепак, проблем е што не е донесен закон кој е веќе подготвен, така што с е надеваме дека Министерството за здравство ќе има слух тоа да се случи набргу, изјави Маја Зељко од Комората на физиотерапевти на Федерација на БИХ.

Физиотерапевтите за овие и слични проблеми ќе разменуваат искуства и ќе дискутираат на Првата регионална конференција која во наредните два дена се одржува во Скопје.

 

 

 

закон комора физиотерапевти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.