Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФРОДЕМ: Загриженост од постапувањето на СЈО за случајот „Шпион“

0
By Нова ТВ on September 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 6, 2016 10:48

ФРОДЕМ изразува загриженост од постапувањето на Специјалното јавно обвинителство во случајот „Шпион“. СЈО согласно законот требаше да изнесе и предложи нови факти и околности поврзани со прислушуваните разговори со кои ќе побара овој монтиран случај да се врати на повторно судење пред првостепениот суд. За жал, тоа не го стори. Оваа процедурална обврска ја имаше и дотолку повеќе поради екстрадицијата на еден од обвинетите, се вели во соопштението од ФРОДЕМ.

– Неможноста на обвинет во повторена постапка, преку нови факти и докази, да докажува своја невиност е состојба која сериозно го засега и загрижува секој граѓанин.

ФРОДЕМ очекува од Специјалното јавно обвинителство да биде орган кој го гони криминалот поврзан со прислушувањето, но особено како орган кој треба да исправи неправди во политички монтирани случаи. СЈО најави дека храбро ќе се зафати со оваа чувствителна јавна цел и затоа докрај треба да биде доследно, правично и објективно.  Калкулациите се дозволени во политиката, на берзата, но никогаш кога станува збор за правда, владеење на право и човечки судбини. Доколку продолжи да постапува на овој начин ФРОДЕМ целосно ќе ја повлече поддршката.

Одредени режимските мегафони се обидоа да направат гротескна споредба на казните во случајот „Шпион“ со наводните казни на некакви „нивни“ градоначалници. ФРОДЕМ порачува дека трепението во однос на искажани пропагандни глупости и криминални споредби истекува. Особено кога станува збор за случај во кој има тригодишни притвори. ФРОДЕМ не може да разбере како било кој нормален може да критикува предлози за намалување на казни. Овој нецивилизиран чин е опасен показател дека во Македонија е допрено „дното на дното“. Целта, по секоја цена да се критикува СЈО, може само да води кон деформирање на неговата работа, а на штета на правдата и јавниот интерес. Затоа фактите нека зборуваат, а политиката нека молчи.

ФРОДЕМ очекува од Апелациониот суд Скопје да биде на исто професионално ниво како и за време на судењето и низ исправно постапување по овој предмет да ја врати вербата во правдата и значително да го подигне паднатиот углед на судството, се вели во соопштението.

„Шпион“ СЈО ФРОДЕМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.