Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

300 пријави за штети од земјотресот во Центарот за управување со кризи

1
By Нова ТВ on September 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 12, 2016 11:50

Десетина земјотреси вчера го стресоа главниот град на земјава, од кои четири беа почувствувани низ целата територија на Македонија.

Утрото околу 7 часот најпрво земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала а веднаш потоа и втор со магнитуда од 2,1 степен ги разбудија скопјани, што пак се покажа како предвесник за многу посилниот земјотрес неколку минути по 15 часот, кога следеше земјотрес со јачина од 5,1 степени по Рихтеровата скала, со епицентарот на пет километри од центарот на градот во регионот на Скопска Црна Гора на длабочина од два километри.

Потоа до 18 часот регистрирани биле 10 послаби земјотреси, а последниот помал, со јачина од 2,1 степен според Рихтер, беше почувствуван во 21:46 часот според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Во паниката при бегањето од земјотресот, околу педесетина граѓани на Скопје беа повредени а над 30 пациенти пријавиле скршеници на рацете и нозете и расекотини. Некои паднале по скали, други скокале од терасите од пониските спратови.

Во Ургентниот центар при Клиника примени се двајца работници кои за време на земјотресот околу 15.10 минути работеле во магацин.

Центарот за управување со кризи соопштува дека до 11 часот утрово имало 300 јавувања за штети од земјотресот, по што стручни лица на Институтот за сеизмологија заедно со претставници од општините денеска  треба да направат увид.

Несомнено дека во меморијата на скопјани и понатаму се врежани последиците од катастрофалниот земјотрес во 1963, во кој над 1.000 луѓе загинаа а околу 3.000-4.000 беа повредени. Над 200.000 останаа без своите домови.

Многумина од нив, по силниот земјотрес околу 15 часот, ги напуштија домовите и седеа на отворено, стравувајќи да се вратат во своите домови, од нови можни потреси.

Некои, исплашени од земјотресите седеа во своите коли и избегнуваа да зборуваат пред камера, а имаше и такви кои ги пакуваа своите коли за ноќта да ја поминат на село, викендица или друг град.

Некои постари градби претрпеа помали штети како паднати керамиди, оџаци или мали одрони од фасадите.

Епицентрите на сите земјотреси вчера беа Скопје и околината.

земјотрес Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.