НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ги продава амбасадите во Цирих и Канбера

3
By Нова ТВ on September 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата донесе одлука да се продадат амбасадите во Цирих (Швајцарија) и Канбера (Австралија), стекнати по пат на сукцесија на димпломатско – конзуларниот имот на поранешна СФРЈ.

Одлуката е објавена со Службен весник и во тек е постапка за отуѓување на овој државен имот. Информацијата за НОВАТВ ја потврдија и од Министерството за надворешни работи.

Минималната цена која што се бара за амбасадата во Цирих е 3.000.000 швајцарски франци, а почетна цена за амбасадата во главниот австралиски град е 1.100.000 австралиски долари.

kanbera

Во владината одлука пишува дека продажбата на двете амбасади ќе оди по пат на јавно наддавање, а вредноста на имотот е утврдена врз основа на проценка што ја направиле тамошни проценители.

Во објавата за амбасадата во Канбера пишува дека се продава само објектот, а во Цирих освен амбасадата на продажба се нуди и градежното земјиште.

Зошто се продаваат амбасадите и какви се плановите со парите кои ќе се добијат од продажбата, од Министерството за внатрешни работи не добивме објаснување.

Поделбата на амбасадите од југословенското наследство беше извршена врз основа на Резолуцијата усвоена од Мешовитиот комитет за поделба на дипломатско- конзуларниот имот усвоена во Загреб во 2006 година со која е извршена поделба на 44 дипломатско-конзуларни претставништва на поранешната СФРЈ од регионот на ОЕЦД.

На Македонија и припаднаа четири објекти, Амбасадата на поранешната СФРЈ во Канбера, Австралија, Конзуларното одделение при Амбасадата на поранешна СФРЈ во Атина, Грција,  репрезентативен стан во Рим, Италија, како и објектот во Цирих.

Минатата година весникот Канбера Тајмс објави дека македонската амбасада е кираџија и за просториите плаќа по 5700 австралиски долари месечна закупнина. Планот бил со парите од продажбата на амбасадата, наследство од СФРЈ, да се изгради нова македонска амбасада или да се купи нов објект.

Владата уште лани имала намера да ја продаде амбасадата во Канбера, но за тоа македонската јавност дозна од австралиските медиуми, а не од државните институции.

cirih

амбасади Канбера Цирих
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.