Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФК Брегалница од денеска на продажба, а инвеститори веќе носат играчи

1
By Нова ТВ on September 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 16, 2016 16:26

Денеска на интернет страната на општина Штип објавен е оглас за продажба на фудбалскиот клуб Брегалница. Одлуката за продажба е потпишана од градоначалникот Илчо Захариев кој е и иницијатор за отуѓување на клубот кој е 100 отсто во сопственост на општината.

Според јавниот повик, на продажба се нудат сите 250 акции, односно клубот ќе го купи еден сопственик кој ќе даде најдобра понуда. Вкупната вредност на акциите е 25.000 Евра, односно100 евра по акција.

Во огласот пишува дека „Продажбата на акциите ќе се изврши по пат на јавно наддавање со поднесување на затворени понуди“.

Право на учество на јавниот повик имаат домашни и странски правни и физички лица, а основен критериум за избор на најповолна понуда ќе биде највисокиот понуден износ на минимум-годишно вложување за временски период од 10 години, при што понудениот износ не може да биде понизок од 300.000 евра годишно.

НОВА пред два дена објави дека целиот процес на продажба на Брегалница е сомнителен и нетранспарентен. Првичната намера беше клубот да се продава на јавен повик, па потоа по реакција на советниците од СДСМ беше одлучено акциите на Брегалница да одат на берза. Но, сепак Захариев се одлучи за продажба на јавен тендер со понуди во затворен плик.

14370059_760207724117679_1169401081856601867_n

Јавното отворање на понудите ќе се изврши на 03.10.2016 година во 11:00 часот во просториите на Општина Штип.

Како што објави НОВА, постојат информации дека клубот му е ветен на турски бизнисмен и дека огласот ќе биде само формалност. Овие неофицијални информации ги подгреа доаѓањето на тренерот од Турција Јиксел Јесилова која на крајот на август, заедно со своите помошници пристигна во Штип за да го испитал теренот и кондицијата на клубот.

Извор во општината за НОВАТВ вели дека непозната маркетинг агенција од Турција веќе купува и странски играчи. Донесени се пет странски играчи, а парите за играчите се уплатени од извесна маркетинг агенција со назив „Reflex Menajerlik Sportif  Faaliyetler“ и седиште во Турција.

НОВА истражува кој навистина стои зад продажбата на Брегалница, клуб кој секоја година едвај опстојува во Првата лига и кој секоја година ја завршува со негативна сметка од 30 до 50.000 евра.

Брегалница Илчо Захариев фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.