Министерството за финасии изготви предлог буџетот за 2017 година кој до понеделник ќе биде доставен до Владата, соопшти министерот за финансии Кирил Миновски.
Новиот буџет треба да биде усвоен до 12 октомври кога се распушта Собранието. Од опозициската СДСМ веќе најавија дека ќе направат се за да го спречат донесувањето на буџетот.
Последниот поголем судир кога се носеше државниот буџет, е 24 декември 2012 или познат како „црн понеделник“, кога пратениците на опозицијата и новинарите насилно беа исфрлени од собраниската сала и власта го изгласа буџетот.