Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одложено рочиштето за Демири, Левица истрајна во борбата со власта

1
By Нова ТВ on September 23, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 23, 2016 13:19

По барање на Државното правобранителство за дополнително разгледување на доказите на одбраната и подготвување за да се произнесе за штетата, судската расправа за кривичната пријава кон Мариглен Демири е одложена за 22.ноември во 12 часот.

Мариглен Демири “се товари“ за учество на протестите од оваа година како еден од демонстрантите кои ја демолирале Народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Партијата Левица, чиј припадник е Демири, пред почетокот на судската расправа денес, остро реагираше дека власта се плаши од Левица бидејќи и трет нивен член е повикан во судските простории, но најавија истрајност бидејќи, како што велат одбраната е подготвена.

– Ова е отворен политички прогон врз највиското раководство на Левица. Како се наближуваат изборите, тој прогон од кривичен продолжува во физички. Ова е трет член од највисоките партиски органи кој се гони за дело кое не постои. Правниот тим на Левица, заедно со адвокатите немаат намера да признаат вина. Ние ќе се судиме до крај, изјави Димитар Апасиев од партијата Левица.

Тој соопшти дека за прогонот кон Левица алармирани се сите меѓународни релевантни фактори а претставници на партијата присуствувале и во Стразбур каде на највисоко ниво го поставиле ова прашање.

– Тоа ќе влијае врз рангирањето на политичките права и слободи на земјата, реагира Апасиев.

Кривични пријави освен против Демири има и против Здравко Савески и Владимир Куновски од Левица.

– Очигледно режимот се плаши од Левица и сака да изврши притисок преку судската власт да не замолчат, тоа нема да им успее, изјави пак Здравко Савески дополнувајќи дека кривичните кон нив даваат впечаток дека тие се прогонуваат.

Кривична пријава Левица Мариглен Демири
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.