На контролен пункт северно од Багдад изведен е троен самоубиствен бомбашки напад во кој загинаа најмалку 12 припадници на безбедносните сили, додека 34 се повредени, изјави портпаролот на полицијата во провинцијата Салахудин. Мохамед ал-Џабури.
Тој додаде дека тројца екстремисти со три автомобили полни со експлозив удриле во контролниот пункт.
– Нападот се случи во моментот кога началникот на локалната полиција и директорот на провинцискиот безбедносен комитет биле на пунктот, но двајцата го преживеаја нападот, посочи ал-Џабури.
Нападот е изведен неколку дена откако владините сили ја презедоа контролата врз градот Ширкат од Исламска држава.
Се уште никој не презел одговорност за нападот