Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонски министри сечат ленти и во странство

0
By Нова ТВ on September 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 27, 2016 14:36

Министерот за економија Дритон Кучи и градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта ја пресекоа црвената лента на отворањето на новиот ресторан „Ла Перла Грац“ во Австрија. Тие им беа специјални гости на денешното свечено отворање на двајцата сопственици – бизнисмени од Гостивар Нагип и Фарук Незири.

Оваа вест денеска е објавена на државната информативна агенција МИА, како и изјава од министерот Кучи, кој се надева дека двајцата браќа Незири ќе тргнат по стапките на Мајка Тереза и Ферид Мурад и ќе остават белег од својата работа.

„Многу наши сограѓани си заминаа од родните краеви и станаа модел за успех насекаде во светот. Мајка Тереза, Ферид Мурат, и многу други оставија свој белег со својата работа, и се надевам дека нивниот пример ќе го следат и Нагип и Фарук, кои се доста познати со своите кулинарски способности. Денес, сме овде во Грац на свечено пуштање во употреба на овој елитен ресторан и ова го правиме веднаш по пуштање во употреба на фабриката за амбалажирана вода Маја во Гари-Дебар и еден месец по настанот во тетовската слободна индустриска зона, каде што започна со работа една успешна американска компанија „Леар корпорејшен“ од САД, изјави министерот Кучи.

Тој додаде дека дијаспората од целиот свет ја имала и ќе ја има поддршката од Министерството за економија и Владата, каде и да се одлучат да инвестираат, во Македонија или во земјите во кои тие работат.

Инаку, за една од инвестициите со која се фали министерот Кучи, фабриката за амбалажирана вода Маја во селото Гари, хрватските медиуми денеска објавија дека инвестицијата не е хрватска, туку руска.

Австрија Гостивар Дритон Кучи министер за економија Невзат Бејта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.