НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставен се прогласи за ненадлежен за иницијативата на Села за крстот

0
By Влатко Чаловски on September 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови се прогласи за ненадлежен за иницијативата на Движењето за реформи во ДПА кое го предводи Зијадин Села која се однесуваше на одлуката на Советот на општина Бутел за поставување на урбана опрема – крст.

– Од содржината на оспорената Одлука произлегува дека во конкретниот случај станува збор за поединечен правен акт со кој на конкретен субјект – Светскиот македонски конгрес се дава согласност за поставување на урбана опрема на локација во Општина Бутел, врз основа на претходно барање на субјектот, односно дека трошоците за поставување и изведување на опремата, ќе бидат на товар на подносителот на барањето, а од содржината на оспореното решение произлегува дека станува збор за технички акт – објавување на оспорената „Одлука во Службен гласник на Општина Бутел“.

Имајќи предвид дека во надлежноста на Уставниот суд е оцена на општи прописи кои содржат општи норми на однесување… во конкретниот случај оспорениот акт не ги содржи правните елементи кои го одредуваат прописот како подобен за уставно- судска оцена. Оценивме дека настапени се условите од членот 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд за отфрлање на иницијативата, се вели во Решението на Уставен.

selaКоментирајќи ја кратко оваа одлука за НОВА, градоначалникот на Струга вели, истата ја очекувал, но со ова Уставниот суд направил преседан и се подразбирало дека на сите општински совети низ Македонија им се дава право да си донесат свои одлуки за поставување на урбана опрема.

– За поднесување на иницијатива до Уставниот суд секој има право. Уставниот суд треба да знае дека нивните одлуки се коментирани и политизирани. Јас очекував ваква одлука но тоа сега подразбира дека советите низ Македонија сами може да си носат вакви одлуки, бидејќи Уставниот суд направи преседан, изјави Села.

krstВо март годинава, група граѓани од населбата Бутел 1 на околу половина километар од местото каде што поддржувачите на ДУИ кампираа на камен темелникот за крстот протестираа за како што рекоа, опструкциите кои ги прават граѓаните – Албанци против симболот на христијанството.

Активистите на ДУИ пак, предводени од Ермира Мехмети, Талат Џафери, Рафиз Алити, Абдулаким Адеми и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, тргнаа од Чаир кон Бутел каде што откако го растурија камен темелникот, останаа да кампираат на местото додека кордон полицијаци од специјалните единици, и оклопни возила ја обезбедуваа линијата за да не дојде до судир.

Генералната секретарка на Уставен, Оливера Филиповска, чиј мандат истече на 1.септември годинава, брифираше дека се очекува во најскоро можен рок судиите да се сретнат и да одлучат  за нов генерален секретар со оглед на тоа што претседателката Елена Гошева наредната недела ќе биде на службено патување.

И покрај инсистирањата на новинарите за тоа кога ќе се случи расправата на Уставен за утврдување на законитоста на Специјалното јавно обвинителство, Филиповска вели немала конкретен одговор бидејќи тоа зависи од судијата-известител кога материјалите за предметот СЈО ќе го достави на дневен ред до претседателката Гошева.

Бутел Зијадин Села крст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.