Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изборите ја проширија буџетската дупка

0
By Нова ТВ on April 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 29, 2013 12:07

Владата за годинава ем предвиде поголема буџетска дупка која ќе треба да се пополнува со задолжување, ем и таа поголема дупка засега е премала.

Во анализата на Радио Слободна Европа се истакнува дека податоците на Министерството за финансии покажуваат дека само во првите три месеци годинава буџетскиот дефицит е 186 милиони евра што е скоро две третини од вкупниот буџетски дефицит од 288 милиони евра предвиден за целата година, јавува Радио Слободна Европа.

При донесувањето на буџетот за годинава, владата предвиде поголем буџетски дефицит од минатата година, односно разликата меѓу расходите и приходите што се надополнува со задолжување да биде 3,5 отсто од БДП-то, наместо 2,5 отсто колку што беше во претходните години.

Споредувањето на приходите и расходите во буџетот во првиот квартал од годинава и од минатата година покажува дека во првиот квартал од годинава во буџетот влегле 30 милиони евра помалку отколку во истиот период минатата година, но затоа владата потрошила скоро 82 милиони евра повеќе отколку во првите три месеци од 2012 година.

Минусот само во изборниот март годинава изнесува 78,5 милиони евра, што е повеќе отколку во целиот прв квартал од претходната 2012 година, кога во првите три месеци е направен дефицит од 73,6 милиони евра. Ако се погледнат поединечните ставки на расходите во март, се гледа дека најголем скок покажала ставката други трансфери, каде што влегуваат субвенциите, се вели во анализата на Радио Слободна Европа.

Па така, во март годинава по основ на други трансфери Владата потрошила 77,9 милиони евра, за разлика од истиот месец претходната година кога биле потрошени 31,5 милиони евра.

„Па како и досега, за оваа влада тоа е карактеристично, секогаш на почетокот на годината кога го предлага буџетот, предлага високи стапки на капиталните трансфери, но секогаш на крајот на годината, особено кога ќе ја погледнете завршната сметка, во ниедна година од овие 7 години не е остварена стапката на капиталните трансфери, што значи дека сепак буџетот и понатаму нема да придонесува за развој на македонската економија.“

До објавувањето на овој текст од Министерството за финансии не одговорија на нашето прашање што планира Министерството да прави во врска со големиот дефицит – нов ребаланс и кратење на трошоци, зголемување на буџетскиот дефицит и нови задолжувања, или, пак, проценува дека до крајот на годинава буџетот ќе се полни подобро и нема да се надмине планираниот дефицит.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.