НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто ЦАС ја помилува Шарапова?

0
By Нова ТВ on October 5, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судот за спортска арбитража во Лозана ги објави причините за намалување на казната на руската тенисерка

 

Судот за спортска арбитража во Лозана (ЦАС) ја намали казната на Марија Шарапова за девет месеци, па руската тенисерка е може да се врати на терените во април догодина. Интернационалната тениска федерација (ИТФ) во април ја суспендира на две години поради позитивен допинг тест за време на Австралија опен во оваа сезона. Причина беше употреба на забранетиот лек мелдониум. Популарната девојка од Нјаган ја обжали таквата одлука што независната судска инстанца во Швајцарија делумно ја прифати во текот на вчерашниот ден.

14556125_1766299843633544_316161699_n

Шарапова беше сослушана на 7 и 8 септември. Комисијата на ЦАС востанови дека таа го намалила ризикот во однос на периодот на користење на мелдониум. Заклучоци од разговорите се:

– Супстанцијата ја внесувала 10 години без притоа да има било каков проблем со допинг
– Се консултирала со руски доктор кој ѝ препишал мелдониум од медицински причини наместо со цел за подобрување на спортските перформанси
– Не добила посебно предупредување од ВАДА, ИТФ или ВТА запромена на статусот на мелдониум

14569179_1766301873633341_1511161348_n

Комисијата при ЦАС смета дека е разумно што Шарапова му доверила на својот менаџер да проверува што се наоѓа на листата на забранети супстанции секоја година. Во образложението на Судот во Лозана, сепак, се наведуваат и неколку причини за одговорност на Русинката.

– Нејзина грешка е што не издала адекватни инструкции при најважната задача, а таа е проверка на содржината на листата со забранети средства
– Не го надгледувала и контролирала својот менаџер при вршење на својата должност. Посебно е очигледен недостаток на било каква процедура или извештај што би потврдил дека менаџерот ја одбил својата должност

Во ЦАС, меѓудругото, забележуваат и на пропуст на Шарапова што не открила дека ористи мелдониум при подложување на редовни допинг контроли. На крајот на соопштението, сепак, се наведува дека има доволно докази за намалување а суспензијата од 24 месеци на 15.

 

Кој го произведува мелдониум или милдронат?

 

Препаратот Мелдониум што беше кобен за Шарапова е производ на компанијата „Гриндекс“ од Летонија и важи за еден од најважните извозни производи на балтичката држава. Легален е во Летонија меѓутоа и во Русија, Украина, Молдавија, Белорусија, Ерменија, Азербејџан и некои други земји. Нема одобрување од американската агенција за храна и лекови (ФДИ) за употреба во САД.

14569720_1766300843633444_660990562_n

 

„Татко“ на Мелдониумот е летонски хемичар, лекот бил наменет за Советските војници во Авганнистан

 

Татко“ на Мелдонумот е 69 годишниот летонски хемичар Ирвинс Калвинш, претседател на научниот одбор на националниот институт за органска синтеза. По избивањето на скандалот со Шарапова и самиот се јави со реакција за својот изум за кој вели дека е наменет за војници. Корист од него требале да имаат припадниците на Црвената армија во војната во Авганистан.

„Војниците се наоѓаа во планински подрачја и за да опстанете во нив мора да се изборите со недоволно количество на кислород. Милдронат е одличен начин за заштита во такви услови“, вели Калвинш.

14568932_1766301523633376_40290731_nЗа време на советската ера, летонската компанија „Гриндекс“ испорачала стотици метрички тони Мелдониум за потребите на војската. Корисниците на препаратот, според Калвинш, биле поиздржливи со резерви на кислород во тешките услови што владееле во Авганистан.

Кога Мелдониумот се најде на листата на забранети супстанции Калвинш порача:

„Тоа е повреда на човековите права. На спортистите треба да им е дозвоолено да го заштитат сопственото здравје. Лекот е присутен на пазар веќе 32 годин и и одеднап е забранет. Поради тоа може да бидеме сведоци на смртни случаи на сппортските терени“.

 

Што е Мелдониум и какви ефекти има?

 

Мелдониумот е дел од групата С4 на листата на забранети супстанции или хормони и метаболички модулатори. Во услови на интензивен физички напор, препаратот ја рационализира потрошувачката на кислород, влијае на елиминација на токсичните продукти во метаболизмот и ги заштитува ќелиите во организмот од оштетување.

14580430_1766301286966733_191007742_n

Под негово дејство, човечкото тело се стекнува со способност да издржи стрес и ги одржува резервите на енергија. Затоа служи за лекување на болести на кардио-васкуларниот систем, но има и ефекти за подобрување на физичките и ментални способности. Од „Гриндекс“ порачуваат дека лекот е препорачано да се користи од четири до шест недели и дека негово дејство го забавува спортистот.

Марија Шарапова мелдониум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.