На сцената на Театарот „Андреас Вутцинас“ во Солун, вечерва, се игра претставата „Столови“ на Мал Драмски Театар – Битола. Работена е по драмата на Ежен Јонеско, ликовите ги играат Јоана Поповска, Анастас Поп Димитров и Александар Лозанов, а е во режија на Љупчо Ѓоргиевски. МДТ со овој Театар од Солун работи и на заедничкиот проект „Кралот Рес“ од Еврипид.
Премиерата на „Столови“ се одржа на 28 ноември 2010 година во Лондон, во рамки на Деновите на македонската култура. Оттогаш играна е на разни меѓународни фестивали и по покана на театри во разни земји.
Ја има видено публиката и во Виена, Белград, Подгорица, Тирана, Корча, Харков, Љубљана, Приштина, Тетото, Скопје, Битола, Преспа, Софија, Цетиње, Крагуевац, Враца, во Белорусија, Русија… Претставата и актерите Јоана Поповска и Анастас Поп Димитров (Бугарија, а игра на македонски јазик) добија десеттина меѓународни награди и признанија.