Голманите Мартин Богатинов и Игор Алексовски и фудбалерите Никола Ѓорѓев од сениорската селекција и Кире Маркоски од младата претпладнево во улога на модели во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Повод беше новиот дизајн од дресовите за фудбалските репрезентации што и во иднина ќе бидат потпишани од „Јако“, познат спортски бренд од Германија.
Премиера на новиот дизајн на дресови ќе има утре во натпреварот меѓу Македонија и Израел во квалификациите за СП 2018.