Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓански марш на 11. Октомври – „Борбата продолжува, гласот победува“

0
By Влатко Чаловски on October 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 7, 2016 13:48

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев придружен од музичарите Златко Ориѓански и Бени Шаќири, новинарот Томислав Кежаровски, актерката Ирена Ристиќ, новинарот Атанас Костовски, членката на Сојузот на борците на Македонија, Вера Бунтеска и активистот на Твитер, Влатко Васиљ, денеска го најавија граѓанскиот марш на 11.Октомври под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“.

Без разлика на партиската припадност, верската или етничката, лидерот на СДСМ Зоран Заев, ги повика граѓаните на маршот кој ќе започне во 14 часот, на крстосницата на булеварот Партизански одреди и улицата Рузвелтова.

– Се огласуваме со слободарска порака, склучуваме сојуз за да ја вратиме слободата. За се избориме за достоинствена држава, за повисоки плати, за правда и правичност, за млади кои сакаат да останат во својата земја. Денеска нашето оружје е нашиот глас, да кажеме „да“ за животот, а „не“ за режимот, порача Заев.

Ристиќ во својот повик до граѓаните, повика на масовност.

– Крајно време е да покажеме подготвеност да ги преземеме во свои раце окупираните институции…да покажеме подготвеност да обезбедиме просперитетна држава за нашите поколенија, рече Ристиќ.

Ориѓански пак, смета дека Македонија ако сака да преживее мора да си ги собере своите надарени поединци, а интелигенцијата да го поведе народот.

– Го допревме дното. Никогаш не сум верувал дека во ова модерно време додека другите држави грабаат напред ние ќе се бориме да преживееме. Сите прогресивни сили да се здружат во едно за да се избориме со режимот, повика и музичарот Бени Шакири.

Костовски, кој во јавноста важи за најубавит коментаторски глас во спортот, рече дека неговата генерација марширала со Шарената револуција, и дека во вторник ќе маршира за правда и мир.

Бунтеска од Сојузот на борци, исто така се приклучи во оваа иницијатива, повикувајќи дека неопходно е да живееме во држава во која ќе има правда и каде граѓаните со сопствени сили ги решаваат проблемите.

Кежаровски порача дека и покрај тоа што му е направено и се уште му се прави, тој нема да дозволи некој да биде господар на неговиот ум.

„Смело напред“ повика новинарот Томислав Кежаровски.

11.Октомври граѓански марш Зоран Заев режим
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.