Врховниот суд ја уважи жалбата на Специјалното обвинителство по одлуката на Апелација во однос на мерката куќен притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талески, со што предметот го врати на повторно постапување.
Откако најпрвп Основниот суд Скопје 1 а потоа и Апелациониот суд Скопје го одбија барањето да се продолжи мерката куќен притвор, СЈО поднесе жалба до Врховниот суд за повреда на постапката.
На 20.септември кога Апелација го потврди одбивањето да се продолжи мерката куќен притвор на Талески, СЈО реагираше дека ист судија не смее да одлучува ако веќе одлучувал во донесување на одлука во понискиот суд.
Битолскиот градоначалник околу две недели е на слобода и оди на работа, а по повторното постапување, би можел повторно да се врати во куќен притвор, зависно од одлуката на Апелационен суд.