Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ најави мерка за финансиска заработка на студентите

0
By Влатко Чаловски on October 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 10, 2016 14:31

Претседателот на СДММ и пратеник Стефан Богоев денеска презентираше мерка за платена работа за студенти во студентските кампуси додека студираат, со цел финансиски да заработат за време на студиите.

Како што посочи тој, мерката произлегла од самите студенти, а ќе можат да работат во студентските кафетерии, како и во други објекти во рамките на студентските домови.

– Студентите ќе добијат шанса за заработка преку работа со скратено работно време, таканаречена part-time job. Студентите ќе можат да работат во студентските ресторани или кафетерии, ќе може да работат на организација на културно-забавни настани, ќе може да работат како водичи на нивните колеги студенти-бруцоши или како асистетни за административни обврски во рамки на студентскиот кампус. Студентите исто така ќе може да работат и во читалните и во библиотеките. Целта на оваа мерка, е студентите во текот на нивното студирање да може да заработат пари за да може да си ги намалат своите трошоци на студирање и на живеење, но исто така, целта е и студентите да бидат самостојни а не да зависат само од парите на нивните родители, изјави Богоев.

Одговарајќи на кој начин би се вработувале во мензите, бидејќи има студенти коишто не живеат во студентските домови, тој вели оваа мерка е токму за оние кои доаѓаат од различни градови на Македонија а додека студираат во Скопје, живеат во домовите.

– Оваа мерка се однесува на студенти коишто живеат во студентски домови и целта е со скратено работно време да работат на некое од овие места. Ова е мерка којашто ја има и во западно-европските земји. Не би бил којзнае колкав надоместок но би бил доволен за да ги скрати трошоците за нивното студирање, дополни тој.

Според него, моменталната слика за сегашниот студентски живот е катастрофална бидејќи студентите живеат во руинирани, во распаднати студентски домови, а студентскиот стандард е на најниско можно ниво.

– Нашите истражувања велат дека на просечен студент, сместен во студентски дом месечно му се потребни 10.200 денари, додека минималната плата е 10.080 денари, што значи – родител на дете сместено во студентски дом, дури и да ја потроши целата негова плата нема да е доволно да ги покрие месечните трошоци, посочи тој.

работа студенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026Updated:June 16, 2026

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

ВЕСТИ June 16, 2026

Неколку ирански бродови поминаа низ зоната на американската поморска блокада во Оманскиот Залив, според иранските…

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

June 15, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.