НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЗТ СКОПЈЕ: Оставка на Рајковиќ, разделба со Мејси и Томас

0
By Нова ТВ on October 10, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За нов тренер во наредниот период е назначен Алекандар Јончевски. Новонастанатата ситуација доаѓа по четирите порази во АБА лигата. Три беа убедливи со над 20 коша разлика од Ц. Звезда, од Партизан и од Цедевита

 

„Чест ми е што ќе бидам тренер на МЗТ Скопје и тоа во натпреварувања како АБА лигата и Еврокупот. Преку учество во Еврокупот ќе собирање искуство за што подобар пласман во АБА лигата, по можност во горниот дел на табелата. Целите за домашната сцена се јасно детерминирани. Се однесуваат на освојување на двојната круна“ , рече Емил Рајковиќ на 22 јули ова лето при промоцирата за нов тренер во кошаркарскиот шампион на Македонија.

 

Два ипол месеци подоцна пресврт. „Емил Рајковиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје“, осамна наслов на официјалната клупска интернет страница. Прекинот на соработката се случи по поразот (85:89) од Цибона во СЦ „Јане Сандански“. И тоа не е единствен новитет. Клубот се раздели и со Џеремаја Мејси (34), Американец со македонски пасош, и Тори Томас од САД кои се пристигнаа во клубот во летниот преоден рок.

 

„Човек сум кој негува високи морални вредности, па затоа поднесувам неотповиклива оставка. Се трудев и дадов се од себе, но едноставно не направивме резултат поради што ваквата моја одлука можеби е најдобра и за мене и за клубот. На МЗТ Скопје му посакувам среќа во наредниот период во сите натпреваруања“, порача Рајковиќ по повлекувањето што беше прифатено од управата на аеродромци.

 

За негов наследник во наредниот период е назначен досегашниот асистент Александар Јончевски. МЗТ Скопје ја почна сезоната со трофеј. „Сино-белите“ од Аеродром триумфираа во Суперкупот на Македонија, но влезот во „јадранската“ конкуренција, сепак, беше фатален за Рајковиќ.

Факт е дека македонскиот првак имаше тежок распоред и мораше да отвори со четирите гиганти од регионот – Црвена звезда, Партизан, Цедевита и Цибона. Забелешките за довчерашнниот тренер, дотолку, не се поразите колку што е убедливата разлика со која беа претрпени со исклучок на последниот од „цибоси“. Белградските „црвено-бели“ славеа со 91:69, „црно-белите“ триумфираа со 93:62, а хрватскиот евролигашки претставник со 82:61.

МЗТ Скопје значително беше активен на кошаркарскиот пазар во летниот период. Клубот ги врати Марко Симоновски и Урош Лучиќ, го продолжи договорот со Ѓорѓе Дреновац, ги ангажира Хрватот Јуре Лалиќ, Холанѓанецот Шарлон Клоф и Американеците Џеремаја Мејси, Тори Томас, Џош Скот и Хавиер Темс. Резултатите, сепак, изостанаа, а кога нив ги нема, вообичаено во спортот, прв на удар е тренерот. Рајковиќ го почувствува моментот дека е дојден за оставка што и го стори. Со него заминуваат и двајца од летните принови на „сино-белиот“ кошаркарски состав од населбата „Јане Сандански“.

Александар Јончевски Емил Рајковиќ кошарка МЗТ Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.